rn
Балетанки
rnБалетанките важат за најпрактични обувки, па затоа жените сакаат да ги носат во сите прилики – за секојдневни прошетки, за на работа, како и за одредени свечени настани. Прилагодливи се на сите секојдневни комбинации.rnrn
rn
Салонки
rnЕден од најелегантните модели на обувки се токму класичните салонки. Без разлика дали станува збор за стандардните црни или пак за салонки во некоја друга боја, кожни или изработени од некој друг материјал, овие чевли се одлични и за работните, но и за свечените прилики, бидејќи со нив ќе изгледате елегантно, уредно и женствено.rnrn
rn
Еспадрили
rnУдобни, практични и ефективни – токму такви се еспадрилите! Можете да ги носите и со панталони и со здолништа, па дури и со комбинезони, додека овој модел е задолжителен кај секојдневните комбинации со морнарски стил.rnrn
rn
Моторџиски чизми
rnПомалку ризичен, но секако ефективен модел на чизми, моторџиските чизми можат да се носат во која било кежуал варијанта, дури и со здолниште. Сепак, ние ви препорачуваме да ги носите со тесни панталони или хеланки, бидејќи со нив тие најдобро ќе се вклопат.rnrn
rn
Длабоки чизми
rnМалку под, до или над колената, без разлика за кој модел на длабоки чизми ќе се одлучите, вие ќе изгледате атрактивно, сексапилно и елегантно. Можете да ги носите со панталони, лелеаво или молив здолниште, но и со плетен фустан кој ја следи линијата на телото, бидејќи со секоја од овие варијанти ќе постигнете фантастични резултати.rnrn
rn
Крзнени чизми
rnИдеални за студените денови, крзнените чизми на модната сцена во изминатите неколку години ги добија своите многубројни варијанти, а секоја од нив е подеднакво атрактивна. Без разлика на ситуацијата, носете ги исклучиво со зимска гардероба, бидејќи тие ви гарантираат удобност и топлина.rnrn
