Автор: ДиванаrnrnrnСвоите почетоци ги има во раните 80-ти. За нејзин креатор се смета јапонскиот инвентор Кењи Каваками, кој воедно е и основач на интернационалното Шиндогу-друштво. Во буквален превод терминот „Шиндогу“ се преведува како „необична алатка“.rnrnПутер на стапчеrnrnВо принцип станува збор за креирање нешта кои не се корисни, но не се ни бескорисни, па следствено се креираат небескорисни работи, продукти на една апсурдна уметност. Шиндогу-уредите се секојдневни алатки, кои честопати се повеќе непрактични од корисни, а нивната употреба е засрамувачка. Даваат решение за конкретни проблеми и предизвици, но тоа често е извор на нови проблеми наместо олеснување.rnrnЧадор за заштита на чевлиrnrnСепак, постојат 10 правила кои издвојуваат една шиндогу-иновација од обичен „новајлиски“ експеримент:rnrn1.Шиндогу не е за реална употреба. Од практична гледна точка мора да е комплетно бескорисно. Ако на каков било начин се увиди корисност и реална употреба, се губи шиндогу-моментот.rnrn2. Шиндогу-уреди реално постојат. Не станува збор за замислени предмети, туку такви што можат да се допрат, видат, слушнат…rnrnОчила со инка за ставање капки за очиrnrn3. Составен дел на секој шиндогу е анархистичкиот дух. Тие претставуваат слобода на мисла и активност. Слобода да се предизвика задушувачката историска доминација на конзервативната корисност во нештата.rnrn4. Тие се алатки за секојдневниот живот.rnrnАпаратче за вртење тестенини на стапчеrnrn5. Шиндогу не се за продажба.rnrn6. Хуморот не е основната цел на шиндогу-иновациите.rnrnВратоврска-чадорrnrn7. Шиндогу не е пропаганда.rnrn8. Шиндогу не се користи за иновации на табу теми.rnrnБришачи за подrnrn9. Шиндогу-иновациите не се патентираат, тие се слободни за употреба.rnrn10. Тие се креации без никакви предрасуди.rnrnАлатка за работа во градина 10 во 1rnrnПомагало за спиење во метроrnrnВратоврска со практични џебовиrn
Можностите се бесконечно многу! Во видеото погледнете и како да го спречите солзењето на очите при сечкање кромид, со помош на шиндогу 🙂