За секој тен постои соодветна нијанса на црвена боја која се вклопува со него. Црвената коса е исклучително покомплицирана за комбинирање и потешко е да се пронајде боја која совршено ќе ви одговара, за разлика од најчестата кафеава коса. Многу девојки честопати грешат, па се одлучуваат за некои интересни, несоодветни тонови кои многу ретко одговараат на некого. Сепак, ова не е голема грешка, бидејќи за ваква боја на коса секогаш се одлучуваат храбрите и смелите девојки. Но, постојат одредени правила при изборот на вистинската нијанса, а има врска и со тенот на вашата кожа.rnrn
rn
Светол тен – сјајна џинџер коса
rnСјајната џинџер коса со златни тонови е одличен избор за оние девојки кои имаат прилично светол тен и светли очи. Златните тонови ѝ даваат потопол изглед на косата, а воедно ја нагласуваат и бојата на очите.rnrn
rn
Светол тен – темна јагода
rnМалку постудена нијанса од претходната. Розовите тонови на јагода најдобро им одговараат на девојките кои имаат светол и розов тен. Притоа, оваа боја може да се носи во текот на целата година, независно од годишното време.rnrn
rn
Среден тен – златен бакар
rnДоколку вашиот тен е малку потемен, со златни или жолти тонови, тогаш златните и бакарни нијанси се совршената боја за вас. Гледаме на примерот од Блејк Лајвли дека оваа нијанса на коса дополнително ја нагласува топлината на нејзиниот тен и едноставно прави таа да блеска. За да го постигнете овој изглед потребни се повеќе различни нијанси и прамени, а не само една боја.rnrn
rn
Среден тен – силен костен
rnБела Торн честопати ја менува бојата на коса, но нијансата на силен костен, која во себе има идеален баланс на топли и студени тонови, совршено ѝ прилега. Секако дека нема потреба да експериментирате како неа, бидејќи зелената коса е прилично екстремна и само за оние похрабрите. Девојките со „среден“ тен ја имаат таа привилегија да им прилегаат повеќе различни нијанси на црвена боја, па така и вие доколку сте една од нив, ќе имате целосна слобода да испробувате сѐ додека не ја пронајдете вашата омилена боја.rnrn
rn
Сончан тен – зрела вишна
rnСончаниот тен изгледа најдобро во комбинација со потемни црвени тонови кои го продлабочуваат погледот и ги нагласуваат очите. Зрела вишна е совршена боја за сите оние девојки кои не сакаат да имаат портокалови тонови на себе, а не се определиле ниту за силни нијанси.rnrn
rn
Сончан тен – суптилна црвена
rnМалку посилна нијанса од претходната која е резервирана за похрабрите девојки, кои исто така имаат сончан тен и маслинести тонови.rnrn
rn
Темен тен – огнено црвена
rnРијана е личност која секоја боја на коса за која се одлучувала ѝ прилегала добро, па зошто би било поразлично кога е во прашање силно црвената. Кога станува збор за потемниот тен, слободно можете да си играте со различни нијанси на црвена, под услов да не избирате златни тонови кои исклучително подобро им прилегаат на девојките со светол тен.rnrn
rnrnДоколку се одлучите да ја бојадисате вашата коса во ова храбра боја, тогаш погледнете неколку корисни совети за нега на црвената коса.