КАФЕ ПАУЗА

Неколку корисни совети за нега на црвената коса

Нашата коса бара посебна нега, а ако таа е бојадисана, тогаш вниманието кое треба да ѝ се посветува додатно се зголемува. Тоа особено важи за црвената коса, без разлика дали е природна или бојадисана, затоа што станува збор за нијанса која брзо и лесно може да го изгуби својот сјај. Затоа црвенокоси, погледнете како правилно да ја негувате својата коса.rnrn1-nekolku-korisni-soveti-za-nega-na-crvenata-kosa-www.kafepauza.mk_rn

1. Користете шампон за бојадисана коса

rnЗа секогаш да имате вибрантна црвена коса, користете шампон за бојадисана коса – така таа ќе биде адекватно негувана.rn

2. Заштитете ја од сонцето

rnСонцето може прилично да ја оштети и да ја избледи вашата црвена коса, уште побрзо ако станува збор за природна боја. Затоа, секогаш користете шапки, но и пакувања за коса со заштитен фактор.rn

3. Никогаш не заборавајте ги краевите

rnКористете потполно природни маски за коса и масла, за вашите краеви секогаш да бидат здрави и совршено негувани.rnrn2-nekolku-korisni-soveti-za-nega-na-crvenata-kosa-www.kafepauza.mk_rn

4. Не мијте ја често

rnВо зависност од должината на косата, мијте ја на секои 2 до 5 дена. Исто така, инвестирајте во квалитетен шампон за суво миење на косата, за да не мора да ја миете толку многу често.rn

5. Консултирајте се со својот фризер

rnЗа вашата црвена коса секогаш да биде негувана, неопходно е одвреме-навреме да се консултирате со својот фризер. Исто така, пожелно е вашите врвови да ги пострижувате на секои 6 до 8 недели.