КАФЕ ПАУЗА

Американец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките. Погледнете како!

Американец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките, погледнете како!

Американецот Алан Перкинс, жител на Охајо и фанатик за Ноќта на вештерките, изградил гигантски скелет што се чини дека во секој момент ќе излезе од неговиот дом. За да го реализира ваквиот проект, му биле потребни 25 дена.rnrnАмериканец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките, погледнете како!rnrnКуќата на Перкинс за кратко време се претворила во ноќна мора за оние со слабо срце. Се чини како џиновските раце да ја имаат „зграпчено“ куќата, при што прстите од едната ползат по надворешноста, додека втората рака држи друг скелет висок три и пол метри. Уште еден мал скелет се качува по покривот, а по прозорците лази џиновски пајак. При изградбата на скелетот, на Перкинс му помогнале и неговите деца.rnrnИмпресивните рачно-изработени скелетни раце се изработени од пена, со ПВЦ арматура што претставува „скелет на скелетот“. Скелетот однадвор е обложен со лепило и песок за да може да оди полесно шлифувањето, а тој е и водоотпорен, со вградена надворешна заптивка. Сепак, тоа не е сè! Перкинс има планови да создаде и огромен череп што ќе го пробива покривот!rnrnВо продолжение, погледнете како изгледа неговиот скелет што претставува вистинско ремек-дело.rnrnАмериканец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките, погледнете како!rnrnАмериканец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките, погледнете како!rnrnАмериканец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките, погледнете како!rnrnАмериканец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките, погледнете како!rnrnОткако прочитавте за ова ремек-дело совршено за Ноќта на вештерките, ви препорачуваме да продолжите со водичот за резбање тиква за Ноќта на вештерките.