КАФЕ ПАУЗА

Која е една од најчестите причини за појавата на мрсна коса, а за која не сме свесни?

Која е една од најчестите причини за појавата на мрсна коса, а за која не сме свесни?

Иако себумот сам по себе не е лош бидејќи го одржува скалпот здрав и ја спречува појавата на кршлива и сува коса, ако го имаме премногу, може да доведе до разни проблеми.rnrnКоја е една од најчестите причини за појавата на мрсна коса, а за која не сме свесни?rnrnНајчесто луѓето се жалат на брзо опаѓање на косата, чешање и првут. Како што објаснуваат фризерите, една од главните причини за мрсна коса нема никаква врска со честото миење.rnrnСе работи за стрес. Како што стресот може да се појави на нашите лица преку појава на мозолчиња, акни, темни кругови или црвенило, исто така може да се појави и на нашиот скалп. Експертите велат дека тоа се случува поради промените во нивото на хормоните кои можат да доведат до зголемено производство на маснотии на скалпот, односно себум. Значи, ако косата ни е помрсна од вообичаено, тоа може да биде знак дека треба малку да забавиме во животот и да најдеме време за релаксација.rnrnДруги причини зошто косата станува побрзо мрсна може да се честото или нетемелно миење, користењето на погрешни производи за нега, честото допирање на косата, недостатокот на витамини Б и наглите хормонални промени како што се менопауза или бременост.rnrnОткако прочитавте за стресот како причина за мрсење на косата, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие корисни трикови кои ќе ви помогнат лесно да се справите со мрсната коса.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs