Не постои љубовен пар кој никогаш не се кара, но караницата не мора секогаш да заврши со навредливи зборови и трескање врати. Постојат некои реченици кои можат да го свртат конфликтот во комична ситуација, а истовремено да му помогнат на парот да дојде до сржта на проблемот. Прочитајте ги следниве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја прекинете караницата со партнерот на мирољубив и внимателен начин…rnrn
rn
„Што треба да направам за веднаш да ги поправам работите?“
rnСо оваа афирмативна реченица, партнерот докажува дека навистина сака да најде решение за настанатиот проблем. Некои луѓе ќе помислат дека на овој начин се префрла одговорноста на другата страна, но тоа не е сосема точно. Со овие зборови партнерот покажува дека е подготвен да ги прифати сите совети за да не се повтори грешката.rn
„Мислам дека е време да гледаме некој добар филм“
rnВо моментот ова ќе звучи како потполно менување на темата и можеби уште повеќе ќе ве разлути, но привремениот прекин на караницата ќе ви помогне и на двајцата да се смирите, да ги изладите главите и да размислите добро за што всушност се расправате. Запаметете дека само ако сте смирени ќе можете да дојдете до конструктивно решение.rn
„Помогни ми да ги разберам твоите ставови“
rnОваа едноставна реченица ќе им помогне на паровите да определат каде точно лежи проблемот и каде нивните мислења се разидуваат. Во жестоките конфликти луѓето честопати знаат да изгубат контрола што доведува до конфузија и неразбирање на туѓото мислење.rnrn
rn
„Слатка/сладок си дури и кога се лутиш“
rnОваа реченица можеби и не е баш претерано конструктивна, но кај помалите караници дефинитивно ќе послужи како инстант решение, кое понекогаш и не е така лошо. Сепак, внимавајте да не ја користите кога станува збор за посериозни караници кои бараат подлабока анализа на проблемот.rn
„Дали е ова подобро или полошо од тогаш кога нѐ фати невреме?“
rnСпомнувањето на лошите ситуации кои заеднички сте ги поминале е добар потсетник за тоа дека без оглед на сѐ, вие сепак сте добар тим.rn
„Мислам дека би било подобро да разговараме на кафе“
rnОваа реченица повикува на примирје и цивилизиран разговор со доза уживање во топлиот пијалак. Не заборавајте дека само ладни глави можат да дојдат до најдобро решение.