Замислете си училиште кое ги учи децата да ги почитуваат луѓето и животните, да бидат искрени, љубезни и да имаат самоконтрола. Многу родители сонуваат за ваков образовен систем, а тој е претворен во реалност благодарение на Јапонците. Познато е дека јапонските училишта многу се разликуваат од западните и многумина ги сметаат за најдобри училишта во светот.rnrn
rnrnВо Јапонија униформата е задолжителен дел од училишната опрема за сите основни и повеќето средни училишта. Со оглед на тоа што сите униформи се исти, никој нема можност да се истакне врз основа на облеката и тоа создава една пријатна атмосфера во училниците. Учениците уште од мали нозе стекнуваат чувство на еднаквост и припадност.rnrnИнтересно е тоа што учениците во основно училиште не можат да го повторуваат одделението. Такво нешто не постои и сите основци на крајот од учебната година добиваат диплома и преминуваат во повисоко одделение.rnrn
rnrnУчебната година започнува во пролет, на почетокот на април кога цутат јапонските цреши. Тие претставуваат симбол на пролетта, раѓањето на природата и новиот почеток што ги мотивира учениците за успешен почеток на новата учебна година.rnrn
rnrnПокрај стандардните предмети како што се јапонски јазик, математика, наука и општествени предмети, во поголемиот дел од училиштата учениците учат вештини како што се готвење и шиење. Тие исто така се занимаваат и со јапонска калиграфија и поезија.rnrn
rnrnВо јапонските училишта нема домар и хигиеничарки. Учениците сами со помош на професорите се грижат за хигиената во нивните училници. По училишниот ручек тие ги собираат валканите садови и прибор за јадење, ги носат во кујната на миење и потоа одговорно го чистат нередот што самите го направиле.rnrnВо продолжение погледнете го видеото што детално го прикажува ефективниот образовен систем на Јапонците.rnrn
Дознајте зошто јапонските училишта се сонот на сите родители и деца
