КАФЕ ПАУЗА

20 животни лекции што секој треба да ги научи пред да наполни 20 години

20 животни лекции што секој треба да ги научи пред да наполни 20 години

Written by

in

,

Сигурно мислите дека сте го сфатиле животот и знаете што сакате и што очекувате од него. Но заборавате дека дури да наполните 20 години, вашите мислења и погледи ќе се променат, и тоа не само еднаш. Овој период полека почнувате да станувате возрасна личност, а тоа може да биде застрашувачко. За полесно да ја преминете транзицијата, добро е да ги знаете овие вистини пред да наполните 20 години.rnrnrn

1. Одговорноста е навистина важна, но не премногу

rnСè што чувствувате е емоционална реакција од вашиот мисловен процес. Ако можете да го запомнете ова, тогаш можете да запомнете дека никој не може да ве натера да се чувствувате на одреден начин. Самите ги предизвикувате вашите чувства во зависност од вашите мисли за ситуацијата. Не заборавајте го ова и кога ќе сакате да се чувствувате на одреден начин, размислете. Но ако некој ги оправдува неговите токсични постапки само затоа што не може да направи да чувствувате ништо, оставете го. Ова е манипулација и не ви е потребна.rn

2. Не правете ги другите премногу важни

rnЈасно е дека во 90% од случаите, луѓето ќе ве разочараат. Немојте да вложите сè во некого бидејќи луѓето, освен семејството, се привремени. Инвестирајте во луѓето, но поставете граници.rn

3. Судењето на другите жени ќе ве парализира

rnКога судењето на изборите или изгледот на друга жена направило да се чувствувате подобро во врска со себе? Никогаш. Можеби мислите дека на овој начин ја зголемувате вашата самодоверба, но само испуштате негативна енергија во светот која ги нагласува вашите несигурности. Само затоа што некој е убав и успешен, не значи дека и вие не сте такви.rn

4. Луѓето кои мислите дека се неверојатни, најверојатно не го заслужуваат тоа

rnСекоја личност е различна, но длабоко во себе сите сме еднакво исплашени едни од други. Нашата основа е иста.rn

5. Вие сте она што сте, сè додека не сте

rnЛесно е да си создаде притисок да бидете посвесни, полесно да простувате и слично. Но, вашето време ќе дојде и потребно е трпение. Ќе еволуирате со темпо кое ви одговара само вам.rn

6. Дозволете му на тајмингот да работи

rnНе откажувајте се од себе. Имајте верба. Имајте трпение.rn

7. Дозволете си да заборавите

rnСекогаш кога ќе се почувствувате консумирани од некоја мисла, ситуација или личност, обидете се да се запрашате дали ќе го чувствувате истото 5 години од сега. Ако одговорот е не, заборавете.rn

8. Потранспарентни сте отколку што мислите

rnЛуѓето можат да ве прочитаат како сликовница, но вие треба да ја создадете содржинатаrn

9. Ако сте гласни не значи дека имате самодоверба

rnЛуѓето мислат дека гласноста зрачи со самодоверба. Но кога сте гласни, се гледа само вашиот напор. Го зафаќате истиот простор без разлика дали сте во центарот на вниманието или не. Самодовербата значи дека можете да го зафаќате тој простор и во тишина.rn

10. Кога некој ќе ви даде комплимент, заблагодарете се

rnОдрекувањето на комплиментот можеби изгледа скромно, но само го полни вашиот сомнеж кон себе и му дава дозвола на луѓето да размислуваат лошо за вас.rn

11. Деловите од себе што сакате да ги сокриете се оние коишто ќе ве ослободат

rnНемојте да се откажувате од нешто што ве интересира само затоа што другите не го ценат. Она што вие го имате е страст, а таа страст ќе направи вашата идеја да стане реалност.rn

12. Направете ваш манифест бидејќи туѓиот нема да ви одговара

rnИзреката на Ганди „Бидете промената што сакате да ја видите во светот“ најверојатно не ви одговара. Што ви е потребно да слушнете? Размислете и запишете го. И вашите зборови имаат моќ.rn

13. Не опкружувајте се со луѓе кои се постојано уморни

rnИзморените луѓе ќе ви го расипат расположението само затоа што ќе чувствувате како да не можете да направите ништо за нив. Не заморувајте се и вие за да им помогнете. Нема да функционира.rn

14. Вашето тело е како возило што сте го изнајмиле привремено

rnВие не сте вашето тело. Тоа е резултат на околностите. Можете да контролирате како ќе го движите и што ќе правите со него, но не можете да контролирате како ќе го гледаат другите.rn

15. Размислете за селфи фотографиите

rnВеројатно секогаш кога објавувате селфи фотографија помислувате дека тоа е залудно. Нема потреба секојдневно да барате признание од онлајн заедницата. Од друга страна, кога се чувствувате добро и убаво, слободно споделете со остатокот од светот.rn

16. Не користете ја традицијата како мерка за успех

rnНатерајте се да бидете креативни и да преземате ризици. Имате речиси 20 години и сега сте поотпорни од кога било. Сега е време да правите грешки и да учите од нив.rn

17. Со прифаќањето на туѓите мислења за вас само им давате лажно право на другите

rnНикој освен вие нема право да одреди на кои делови од вас им е потребно подобрување.rn

18. Во ред е да имате очекувања од пријателите, но ако се премногу ќе станете антисоцијални

rnЕдно е да очекувате вашите пријатели да бидат добри и да ве поддржуваат. Но ако постојано очекувате пријателите да бидат смешни, достапни и позитивни е нечовечки. Имате разни пријатели за разни цели и никој од нив нема да биде совршен. Прифатете ги онакви какви што сте.rn

19. Ако можете да се шегувате на ваша сметка, се движите по правиот пат

rnМала победа е да можете да се смеете на себе.rn

20. Нема да го достигнете врвот во средно училиште

rnЕден ден можеби ќе ви биде драго што сте созреале подоцна. Сигурно сте мислеле дека личноста којашто сте во средно ќе го одреди вашиот живот. Но по само 3 години ќе имате целосно ново мислење за себе, нова социјална мрежа и ќе го гледате светот на поинаков начин. Ништо не е постојано, па само продолжете да се движите.rnrnПогледнете и кои се кратките животни лекции што кога-тогаш мора да ги научите.