Очигледно е дека и оваа година ќе носиме маски, па кога станува збор за трендовите за шминкање, фокусот ќе биде на горниот дел од лицето, пред сè, на очите. Светските шминкери најавуваат дека ќе носиме силни и впечатливи бои на очните капаци, а во продолжение погледнете ги и другите трендови.rn
„Валкани“ усни
rnКолку пати сте посакале нешто повеќе од балсам за усни, а помалку од класичен кармин? Ако се пронајдовте во оваа приказна, трендот на намерно „извалкани“ усни е како создаден за вас. Поентата е всушност да се нанесе „дамка“ боја (нијансите на шумско овошје се апсолутен хит) која ќе ја размачкате на усните.rn
Графика на очите
rn
rn
rn
rnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rn
Оваа година ќе се користат линии кои се силни и остри, без разлика дали станува збор за класичен изглед на зачадени очи или за необични варијанти, како што е остриот полулак над горниот раб на очниот капак. Вежбајте ја раката за да направите прецизни линии. Покрај тоа, користете квалитетен ајлајнер или водоотпорно моливче за очи.rn
Сјаен тен
rnДали има нешто попривлечно од свежа и сјајна кожа? Таа го потврди своето место меѓу водечките трендови за шминкање и оваа година. За да создадете ефект на свежа кожа, ќе ви треба хидратантен крем со хранливи материи и хајлајтер што ќе ви овозможи здрав сјај.rn
Виолетови очни капаци
rnОваа боја ќе внесе ведрина во секојдневниот живот. Шминкерите се согласуваат дека виолетовата е совршена рамнотежа помеѓу разиграното и суптилното, но крајниот ефект зависи од сенката што ја користите.rn
Тенок ајлајнер
rnПоради хаотичната ситуација, враќањето на старите трендови изгледа безбедно. Следниот пат кога ќе се фатите за ајлајнерот, нацртајте тенки линии, какви што се носеа во деведесеттите. На крајот, заокружете ја приказната со неутрален сјај за усни за да го задржите фокусот на очите.rn
Маскара во боја
rn
rn
rn
rnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rn
Не двоумете се да користите маскара во боја бидејќи на тој начин ќе привлечете внимание, а оваа промена нема да ви одземе многу време.
Прочитајте какви капи ќе се носат оваа зима.

