КАФЕ ПАУЗА

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

Можеби не звучи многу привлечно, но има производи што може да ги искористите дури и по истекот на рокот на траење. Од нега на кожата до готвење, овие алтернативни употреби можеби се токму она што ви треба сега. Можеби сметавме дека расипаната храна и производите за шминкање со поминат рок на траење треба да ги фрлите во ѓубре, но во продолжение ќе откриете нови употреби за нив.rn

1. Авокадо

rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnАко не сте имале можност да го искористите вашето совршено зрело авокадо и сега е веќе расипано, не фрлајте го бидејќи можете да го користите за вашата коса. Расипаното авокадо може да биде одличен навлажнувач ако го нанесете на сува коса. Оставете го да отстои најмалку 6 часа и измијте го со шампонот и со регенераторот што обично ги користите. Вашата коса на почетокот може да биде сува, но откако ќе ја измиете 2 пати, таа ќе биде сјајна и мека.rn

2. Хартиена маска за лице

rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnХартиените маски не се добри за нанесување на лицето откако ќе им помине рокот на траење, но, сепак, можете да ги користите на суви и испукани нозе, на градите, на вратот или на рацете.rn

3. Хидратантен крем и млеко за чистење на лицето

rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnАко имате хидратантен крем или млеко за чистење со поминат рок на траење, можете да ги искористите за чистење и полирање чанти и паричници. Ставете малку од производот на памук и започнете со полирање.rn

4. Млеко

rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnРасипаното млеко сè уште може да се користи за многу различни намени. Можете да направите домашно сирење, да го користите за печење, па дури и за правење палачинки. Освен за готвење, можете да го користите и како маска за лице. Нанесете го на целото лице, оставете го да отстои и исплакнете го. Мирисот можеби не е толку пријатен, но млечната киселина ќе направи чуда за вашата кожа.rn

5. Крем за бричење

rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnКремот за бричење може да се користи на различни начини откако ќе му помине рокот на траење. Одличен е за чистење нечистотија и мрснотии затоа што буквално ги привлекува. Но, може да ја отстрани и нечистотијата под ноктите. Само нанесете малку крем и исчистете ги ноктите со чепкалка за заби.rn

6. Паста за заби

rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnБидејќи пастата за заби содржи детергент, може да помогне во отстранувањето на дамките од тепихот, па дури и да ги исчисти цртежите од ѕидовите. Покрај тоа, можете да ги избелите и да ги исчистите патиките, а може да помогне за отстранување нат киселиот мирис од шишињата за бебиња.rn

7. Грчки јогурт

rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnГрчкиот јогурт може да има големи придобивки, дури и по рокот на траење. На почетокот, може да изгледа чудно, но може да стане одлична пилинг маска за лице. Сè што треба да направите е да го измешате јогуртот со мед и со измешана краставица во блендер, да го нанесете на лицето и да го оставите да отстои 15 минути. Потоа, едноставно измијте го со топла вода.rn

8. Моливче за очи и усни

rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnНе е безбедно да нанесувате шминка со поминат рок на траење на вашите очи или усни. Сепак, не фрлајте ги производите затоа што можете да ги користите за да подвлечете зборови и реченици во книги или како моливи во боја.rn

9. Путер од кикиритки

rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnПутерот од кикиритки може да ви заштеди многу време кога ќе останете без крем за бричење. Тој е одлична алтернатива бидејќи е богат со масла, така што ќе ја направи кожата мазна и нема да ја исуши по бричењето.rnrnПрочитајте кои 11 намирници немаат рок на траење.