Сите ние сме посебни, а некои луѓе ги привлекува нашиот карактер, додека други пак, се целосно одбиени од него. Кога бараме пријател, најчесто сакаме тоа да е личност која нè разбира и која нè прифаќа онакви какви што сме. Сакаме да можеме да разговараме со тој пријател, да ги споделуваме нашите тајни и да му веруваме. Ако сакате барањето да ви биде полесно, погледнете што има да каже астрологијата за вашиот знак и за вашите пријатели.rnrn
rn
Овен
rnОвните се љубители на авантурата. Вие ја искажувате вашата самодоверба преку вашата доминација. Вие имате изобилство од енергија која ја користите за да ја постигнете посакуваната цел. Но, треба да бидете внимателни бидејќи знаете да бидете импулсивни и нетрпеливи.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Вага
rnВагата е овде да ве смири кога трпението ви е при крај. Рамнотежата на Вагата совршено одговара со вашата екстремна природа. А Вагите пак, навистина ќе сакаат да ви помогнат.rn
Бик
rnБидејќи сте Бик, вие сте упорни, полни со љубов, и мислите и на другите, иако ретко го покажувате тоа. И покрај вашата сила и дарежливост, тврдоглавоста е онаа која понекогаш може да ви наштети.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Риби
rnРибите се добар пријател кој ќе ве поддржува, но и кој може да се справи со вашата тврдоглавост. Рибите се вашето рамо за плачење и тие се личноста која навистина ќе се грижи за вас.rn
Близнаци
rnВие сте социјални суштества и сте навистина духовити. Живи сте, креативни и се прилагодувате на речиси секоја ситуација. Само внимавајте да не станете депресивни од здодевност.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Водолија
rnВодолијата е многу слична на вас. И двата знака ги ценат едноставните работи во животот. Кога ќе имате Водолија покрај вас, вашиот живот секогаш ќе биде возбудлив.rn
Рак
rnВие сакате да бидете сами, па кога не сте во можност, навистина се разочарувате. Искажувањето на вашите чувства е нешто природно за вас. Бидејќи навистина ги цените врските со семејството и пријателите, понекогаш се однесувате премногу заштитнички кон нив. Сожалувањето и имагинацијата се вашите силни страни.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Стрелец
rnСо Стрелците ќе можете да разговарате за речиси сè бидејќи тие ќе ја ценат вашата интровертност. Стрелците се оптимисти и многу лесно ќе ви го подобрат расположението. Тие дури можат да ве натераат да пробате и нешто ново.rn
Лав
rnЛавовите се родени лидери кои имаат харизма и силна волја. Покрај тоа, вие сте дарежливи, креативни и грижливи. Бидејќи секогаш сакате да бидете во центарот на вниманието, многу често луѓето мислат дека сте нетолерантни.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Јарец
rnСилната страна на Јарците е организирањето, додека вашата е лидерството. Заедно можете да го освоите светот и ништо нема да ве спречи во тоа.rn
Девица
rnТоа што се перфекционисти е најдобрата, но и најлошата особина на Девиците. Деталите никогаш не ви побегнуваат и токму тоа ве држи постојано фокусирани. Луѓето може да се потпираат на вас и покрај тоа што сте таинствени.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Овен
rnОвните ја делат со вас желбата за чудни нешта. Вашата смиреност е во рамнотежа со желбата за авантура на Овенот. Кај овој знак ќе пронајдете пријател кој ќе биде покрај вас во сите тешкотии низ животот.rn
Вага
rnКако и самото име на вашиот знак, така и вие одредувате рамнотежа и правда помеѓу големата самодоверба и вашите верувања. Од другата страна стои вашата неодлучност. Пријателите сакаат да се дружат со вас бидејќи сте софистицирани и лесни за разговор. Исто така страсни сте за музика и уметност.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Лав
rnВашето ценење на убавината ве привлекува кон Лавот, кој пак е симбол за моќ. Добриот Лав одлично се совпаѓа со вашата енергија и креативност.rn
Скорпија
rnОд целиот хороскоп, вие сте најхрабрите. Вие имате страсна и посветена сила која ви помага да ги отстраните сите пречки од патот. Само треба да внимавате со вашата упорност – може да направи да изгледате компулсивно.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Водолија
rnНежноста на Водолијата се совпаѓа со вашата смелост. Кај Водолиите ќе пронајдете искрен и лојален пријател чиј уникатен начин на размислување ќе ви го подобри расположението.rn
Стрелец
rnВашиот оптимизам се надополнува со вашата искреност и наивност. Слободата ви е важна, а вие ја искажувате преку вашата љубов за истражување. Бидејќи сте вистински филозоф, менталните предизвици навистина ви годат.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Јарец
rnБидејќи се практични, Јарците добро се справуваат со вашиот оптимизам. Тие секогаш ќе ве ислушаат и ќе ви го подобрат расположението.rn
Јарец
rnВашата способност за организирање е она што ви помага да ја остварите својата цел. Иако планирањето е важно, понекогаш тоа е виновно за вашиот песимизам. Понекогаш соговорникот треба навистина да се потруди за да ве натера да разговарате. Вие сте пријател со многу трпение и со добра смисла за хумор.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Стрелец
rnСтрелците придонесуваат за одржување на вашиот начин на живот. Тие се секогаш тука за да ве расположат и да ви помогнат кога тоа е потребно.rn
Водолија
rnБидејќи сте инвентивни, на другите навистина им е лесно да ве задоволат. Вие ја сакате уметноста и секогаш сте искрени и лојални. Сакате да им помагате на другите, но можете да бидете и мрзеливи ако не сте инспирирани.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Бик
rnТврдоглавиот Бик е оној кој може да ве охрабри да ги направите работите кои се важни. Биковите знаат кога сте тажни и знаат што треба да направат за да го променат тоа.rn
Риби
rnВие сте многу дарежливи, а понекогаш другите го злоупотребуваат ова. Вашата посветеност на врските не ви дозволува да одбиете да им помогнете на пријателите и семејството. Вие добро ги знаете своите емоции и понекогаш ѝ верувате на вашата интуиција.rn
Вашиот најдобар пријател е во знакот Скорпија
rnСкорпиите ќе забележат дали сте задоволни од нешто и ќе дадат сè од себе за да ве мотивираат. Тие се посветени пријатели кои ќе останат покрај вас без разлика на сè.rnrnПрочитајте нешто повеќе за мааните и доблестите на хороскопските знаци.