Да се биде сам некогаш и не е така лоша работа затоа што секому одвреме-навреме му е потребен одмор.rnrnДоколку се чувствувате осамено дури и кога сте опкружени со луѓе или пак неодамна сте биле многу повредени, овој текст е за вас.rnrn
rn
Кога се чувствувате како срцето да ви е скршено, знајте дека не сте сами
rnВо светот постојат уште многу луѓе кои се наоѓаат во иста ситуација како вашата. Биле разочарани и скршени сè додека не ја пронашле љубовта која им дала чувство на безбедност и сигурност. И покрај тоа што сакале со цело срце, притоа откривајќи ги најситните делови од нивната душа – сепак биле напуштени.rnrnНо, никогаш не се откажале. Не се откажувајте ниту вие затоа што секогаш ќе се најде некој кој ќе го цени доброто кое го носите во себе.rnrnВербата дека после разочарувањето ќе се случи нешто подобро им ја одржало надежта на овие луѓе и така успеале да се издигнат над сè.rn
Кога се чувствувате како губитник, исто така не сте сами
rnДури и најпознатите брилијантни умови во светот доживувале неуспеси пред да станат успешни. Тие ја вложувале целата енергија во нивните идеи и напорно работеле – и сепак се случувало да им бидат отфрлени.rnrnОдлучноста да се обидат повторно и неоткажувањето биле пресудни за нивниот успех.rn
Кога се чувствувате премногу тажни, знајте дека не сте сами
rnНекои од најсреќните луѓе во светот не биле отсекогаш такви сè додека не сфатиле дека задоволството и среќата можат да се пронајдат и во самото постоење. Таквите луѓе го восприемаат секој момент и се фокусираат на позитивните нешта – но, некогаш среќата едноставно им се испушта од раце.rnrnТоа што ги одржало да продолжат да бидат среќни е нивната верба дека сонцето секогаш изгрева после мрак.rn
Кога се чувствувате дека не можете понатаму, верувајте дека не сте сами
rnДури и оние најмотивираните биле во ситуација кога мислеле дека не можат да направат чекор напред, пред да сфатат дека сепак мораат да го изодат својот пат. Верувале дека универзумот не сака да ги повреди, верувале дека луѓето кои ги сакаат ќе бидат секогаш присутни во нивните животи и сепак – доживеале екстремна загуба.rnrnНивната верба за подобро утре им помогнала полесно да се изборат со лошото чувство.rn
Кога се чувствувате изгубено, знајте дека не сте сами
rnИ некои од најсамоуверените луѓе биле соочени со несигурност и збунетост пред да сфатат каде „тргнале“. Ги проучиле сите мапи, ги следеле мудрите совети и сепак – се сомневале во тоа која е нивната цел.rnrnИм помогнало нивното верување дека на крајот сè ќе испадне како што треба.rnrnЗапомнете дека не сте сами во ништо. После секое разочарување ќе се случи нешто подобро. Бидете одлучни и никогаш не се откажувајте затоа што упорноста е клучна во некои моменти од животот. После темнината сонцето повторно ќе изгрее како што се случува секој ден. Никогаш не губете ја надежта за подобро утре.