КАФЕ ПАУЗА

Кое е најдоброто време во денот за јадење, вежбање и одмарање?

Кое е најдоброто време во денот за јадење, вежбање и одмарање?

Written by

in

,

Нашето тело има процеси кои почнуваат и завршуваат во одреден дел од денот или ноќта. Доколку сакате да го искористите максимумот од вашето тело, тогаш треба да ги синхронизирате вашите обврски со вашиот внатрешен часовник. Следете го овој распоред и брзо ќе го постигнете тоа…rnrnКое е најдоброто време во денот за јадење, вежбање и одмарање?rn

Помеѓу 3 и 5 часот

rnБелите дробови се најактивни рано наутро, па и покрај тоа што можеби ви изгледа неприродно, ова е одлично време за вежбање. Кинезите во овој период практикуваат таи чи, вежби кои се насочени кон дишењето.rn

Помеѓу 7 и 11 часот

rnЖелудникот и панкреасот исто така се најактивни во првиот дел од денот, па токму затоа голем број нутриционисти советуваат да се појадува во овој период.rn

Помеѓу 9 и 11 часот

rnМногумина полесно се фокусираат пред 12 часот, бидејќи мисловните процеси имаат најголем потенцијал наутро. Токму затоа, ова време е идеално за работа.rn

Помеѓу 13 и 15 часот

rnОдморете се кратко по ручекот. Енергијата во екстремитетите опаѓа и се насочува кон дигестивниот систем, односно организмот црпи енергија од храната која сте ја консумирале, па затоа се чувствуваме малку поспано. Токму затоа периодот под ручекот е идеален период за дремка.rn

Помеѓу 19 и 21 часот

rnДоколку би сакале полесно да заспиете и подобро да спиете тогаш пред легнувањето треба да се опуштите. Во овој период од денот, хипофизата лачи помалку серотонин, хормон кој го контролира апетитот и кардиоваскуларниот систем, а почнува да произведува повеќе мелатонин кој ни помага да заспиеме. Опуштете го вашето тело во овој период и збогувајте се со несоницата.