Ако човек се запраша за улогата на спортските натпревари во секојдневниот живот на луѓето, одговорот би бил дека тоа е само една голема забава. Но, спортскиот психолог Денис Вон и неговите коавтори во еден свој труд напишале:rnrn
„Сличноста меѓу спортскиот фанатизам и организираните религии е неверојатна. Земете го предвид речникот што и на двете места се користи: верба, преданост, обожување, ритуал, посветеност, жртва, обврзаност, дух, молитва, измачување, прослава и свеченост.“
rnrn
rnrnСпоред Вон спортот денеска претставува замена за религијата. Тој забележува дека во минатото единствената вистинска масовна забава за населението биле црковните ритуали. Денес, катедралите се заменети со стадиони и други спортски терени, но луѓето и понатаму „обожуваат други луѓе, нивните постигнувања и групата на која ѝ припаѓаат“. rnrnОблечени се во тимските бои, неуморно ракоплескаат и пеат навивачки песни, скандираат, го исвиркуваат противничкиот тим, прават и ред други работи кои потсетуваат на вербата во божество таква каква што ја знаеме со илјадници години.rnrn
rnrnТоа го натерало Вон да се запраша дали спортското навивање и религијата имаат слични психолошки ефекти. Истражувањата покажале дека спортските фанови генерално се религиозни луѓе, но во последните неколку декади посетеноста на верските објекти драстично се намалила, за разлика од онаа на стадионите која постојано расте. Тоа може да значи дека религиозните луѓе се преместиле покрај спортските терени, особено затоа што навивањето им служи на фановите да побегнат од просечноста на своите животи, да му дадат нова смисла на своето секојдневие, исто како што религијата им помага на верниците да ги „надминат“ границите на своето физичко постоење на земјата. Оттука, сето она бојадисување на лицето и косата со боите на тимот, облекувањето во истите бои и учењето навивачки песни се средство за создавање на заедница која придонесува за бегство од реалните тешкотии. rnrnТрансформирачката моќ на навивањето е многу слична со онаа на религијата. Впрочем, пеењето навивачка песна на стадион има сличен психолошки ефект со пеењето песни во црква.rnrnСо оглед на сето ова Денис Вон го критикува навивањето во стилот на Карл Маркс, според кого религијата е опиум за масите. Вон дополнува дека:rnrn
„Обликувани од потребите на капиталистичките системи, навивачките спортови им делуваат на личните интереси како ‘културна анестезија’, форма на ‘духовна мастурбација’ или ‘опиум’ кој го одвлекува, одвратува и оттргнува вниманието од секојдневните општествени проблеми.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
