Со оглед на тоа што 73% од децата чекале да поминат 10 минути за да ја повторат бељата по добиениот ќотек, очигледно е дека ова не е најефикасниот метод на воведување дисциплина. Имено, неодамнешните истражувања поврзани со телесните казни покажале дека родителите ги тепаат децата многу почесто одошто мислите. Најважно е тоа што истражувањето покажало дека физичкото казнување не е делотворен метод на воспитување.
rn
„Многу родители реагираат на лошото однесување на децата така што им ги одземаат играчките, им ги забрануваат дружбите и ги праќаат во ќош. Но, кај децата со силна волја, ниту еден од овие методи не делува“, изјавиле експертите.
rnМногу деца кои имаат синдром на недостаток на внимание прават бељи од досада бидејќи им треба нешто што ќе им го задржи вниманието. Таков бил случајот и со Рени Вилијамс, која решила да сподели со јавноста како татко ѝ успеал да се справи со неа.rn
„За среќа, татко ми брзо сфати за што станува збор и разви сопствени дисциплински мерки кои веднаш дадоа резултати и многу ми помогнаа во иднината“, открила Рени.
rnСо оглед на тоа што татко ѝ бил воен ветеран и хирург, неговото искуство во Специјалните единици му помогнало да употреби некои необични тактики во воспитувањето.rn
„Не бев многу среќна поради тоа што бев единственото 5-годишно девојче кое имаше инспекција на собата и која мораше да си ги среди играчките пред да излезе да си игра надвор. Меѓутоа, тоа што ме тераше да читам енциклопедија секогаш кога почнував да лудувам по дома беше најдоброто нешто што можеше да го направи“, објаснила Вилијамс.
rnСтрогиот татко одбирал некој поим од енциклопедијата и ѝ велел да научи сѐ за него, бидејќи подоцна ќе ја испраша. На тој начин ја казнувал, затоа што морала веднаш да престане со тоа што го правела, но целта на казната била да ѝ го задржи вниманието и да ѝ постави ментален предизвик.
Оваа тактика навистина делувала. Освен што ѝ помогнал да го смени однесувањето, татко ѝ ја научил да ја зема книгата во раце секогаш кога ќе ѝ биде досадно. Тоа секако се случувало многу често. Таа подоцна станала адвокатка и писателка со големо енциклопедиско знаење. Освен тоа, благодарение на ваквата казна, детето има контрола врз својата ситуација, бидејќи од него зависи колку ќе трае извршувањето на задачите.
Рени дава уште неколку добри идеи што денешните родители можат да ги применат на нивните деца:rn
- rn011
- Измислете игра со барање и поправање правописни и граматички грешки.
- Дајте им задача од типот „Прочитај нешто за кучињата и научи да наброиш и да опишеш 5 различни раси“.
- Дајте им предизвик во вид на прашање: „Кој од вас може да ѝ каже на мама најмногу податоци за лавовите?“
rn011
rn011
rn
rnДоколку казната ја претворите во еден вид игра, ќе можете да го промените лошото однесување на децата, но и да им поставите ментален предизвик кој ќе ги ослободи од досадата – главниот виновник за детските бељи.
Прочитајте и кои се 10-те клучни особини на добрите родители.

