КАФЕ ПАУЗА

Не можете да се изборите со пајаците во вашиот дом? Пробајте го овој трик!

Written by

in

,

Без разлика колку чистите и уредувате во вашиот дом, пајаците секогаш ќе најдат начин да влезат, и да го окупираат најмирното место каде што ќе постават и пајажина. За среќа, постои природен и безболен начин да се решите од нив еднаш засекогаш, без да мора да ги бркате низ домот или пак, да ги убивате.rnrnrnrnПајаците, како и поголемиот број инсекти, не го поднесуваат мирисот на нане. Оваа билка има силен ароматичен мирис што луѓето го обожаваат, но за пајаците е едноставно ужасен. Сè што треба да направите е да посадите нане во неколку мали тегличиња и да ги сместите во аглите каде што најчесто ги наоѓате пајаците и тие самите ќе си заминат.rnrnАко не сте љубители на растенија во домот, тогаш можете да го пробате и следниов рецепт.rnrnrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 350 милилитри вода
  • rn 011

  • 120 милилитри алкохолен оцет
  • rn 011

  • 20 капки етерично масло од нане
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСтавете ги сите состојки во боца со распрскувач и добро протресете. Испрскајте ги сите области зад мебелот, зад кујнските елементи, мијалникот, ќошевите во тоалетот и сите места каде што некогаш сте забележале пајаци. Овој рецепт нема да ги убие, но ќе ги држи подалеку од вашиот личен простор. Повторувајте го процесот повремено за да не им дозволите да се вратат.rnrnДополнителен совет: Наместо маслото од нане можете да користите и етерично масло од еукалиптус. Ефектот ќе биде ист, но со нането ќе добиете многу попријатна миризба во домот.rnrnПрочитајте и зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом.