Кивито е полно со хранливи материи и со витамини, а покрај слатката зелена внатрешност, се јадат и црните семки, но и кафеавата лушпа која многу луѓе ја лупат пред да го консумираат ова овошје.rnrn
rnrnКивито е овошје со потекло од Кина, кое најпрво се проширило во Нов Зеланд, пред да стигне во Европа и во Америка. Денес, Калифорнија произведува 98% од кивијата, а врвот на сезоната на бербата е во есен, заклучно со октомври.rn
Податоци за енергетската вредност
rnПрво и основно – еве што можете да очекувате од едно киви со средна големина кое има околу 150 грама, според базата на податоци за храна на Министерството за земјоделство на САД:rn
- rn 011
- Калории: 42
- Протеини: 0,8 грама
- Јаглени хидрати: 10 грама
- Масти: 0,4 грама
- Шеќер: 6 грама
- Влакна: 2,1 грама
- Натриум: 2 грама
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
rn
Здравствени придобивки
rnКивито е одличен извор на витамин Ц, кој докажано го зајакнува имунолошкиот систем, се бори против ефектите од стресот и против стареењето и помага во заздравување на раните. Во едно киви можете да најдете 53 мг витамин Ц, што е повеќе отколку што содржи еден портокал. Во една студија направена врз постара популација, резултатите покажале дека консумирањето киви може да помогне во намалување на времетраењето и на интензитетот на респираторните инфекции.rnrnКивито е исто така добар извор на калиум и го содржи повеќе отколку бананите. Калиумот е важен минерал за одржување на рамнотежата на течностите и на електролитите, а некои студии покажале дека луѓето кои имаат висок внес на калиум имаат помал крвен притисок. Некои од знаците дека имате недостаток на калиум се: грчеви во мускулите, замор и исцрпеност, висок притисок, вртоглавица, чувство на надуеност, жед и сува кожа, додека високиот внес на калиум е поврзан со намалениот ризик од мозочен удар, со одржувањето на густината на коскените минерали и со намалениот формирање камења во бубрезите.rnrnПокрај тоа, кивито е добар извор на растителни влакна што може да помогне во одржување на здравјето на цревата и во намалување на холестеролот. Студиите покажале дека луѓето кои внимаваат и внесуваат храна богата со растителни влакна, имаат поздрава телесна тежина и намален ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања.rnrnПокрај тоа што е веќе споменато, кивито содржи и голема количина фолати и цинк. Исто така, содржи фитонутриенти, како лутеин, кој е важен за здравјето на очите. Покрај тоа, содржи и витамин К.rnrnСпоред едно истражување спроведено на Медицинскиот универзитет во Тајпеј, многубројни студии откриле дека кивито содржи многу лековити соединенија, меѓу кои антиоксидансите и серотонинот кои можат да бидат корисни во лекувањето на нарушувањата на сонот.rnrn
rn
Може ли да се јаде лушпата од киви?
rnИако многу луѓе сакаат да јадат киви, сепак тие водат дебати околу тоа дали неговата кафеава лушпа се јаде или не. Лушпата од киви, како и внатрешноста, содржи висока концентрација на хранливи материи, особено растителни влакна и витамин Е. Покрај тоа, таа содржи и многу антиоксиданти. Всушност, многу повеќе има во самата лушпа отколку што има во внатрешноста на овошјето.rnrnЛуѓето честопати ја исфрлаат лушпата кога консумираат киви од едноставна причина – има непријатни вкус и текстура, но таа може да се јаде. Влакнестата површина на лушпата од киви може лесно да се отстрани со нежно триење од хартиена крпа над со лесно стружење со лажица.rnrnАко планирате да пробате лушпа од киви, изберете помало овошје. Помалите плодови имаат помека лушпа од поголемите. Исто така, ако имате можност, купете органски одгледувано киви.rnrn
rn
Потенцијален ризик при консумирање
rnЈадењето киви се смета за безбедно за повеќето луѓе. Главниот исклучок се оние кои се природно алергични на нив. Знаците на алергија на киви вклучуваат чешање во грлото, отечен јазик, тешкотии при голтање, повраќање и осип. Ризикот од алергија на киви е зголемен ако сте алергични и на лешници, на авокадо, на пченица, на смокви или на семе од афион.rnrnВо ретки случаи, кивито може да го забави згрутчувањето на крвта, а со тоа да се зголеми крварењето. Имајќи го тоа предвид, ако имате нарушување на крварењето или се подготвувате за операција, избегнувајте да јадете киви. Дозата на киви зависи од фактори како што се возраста, здравствената состојба и од тоа што сакате да лекувате. Јадењето едно до три киви на ден е доволно за повеќето луѓе да внесат дополнителни хранливи материи во своето тело.rnrn
rn
Како да додадете киви во вашата исхрана?
rnПостојат многу начини да внесете киви во вашата исхрана и со тоа да го зголемите внесот на хранливи материи. Најдобро е и најздраво, се разбира, кога се јаде сирово. На собна температура можете да го чувате неколку дена, а во фрижидер до три недели. Подолу се дадени неколку совети како да додадете киви во вашата исхрана.rnrnИзлупете го кивито и изедете го. Можете само да го пресечете на половина, а потоа со лажица да го извадите од лушпата.rnrnСмуди од киви. Ако сакате „екстра овошно засилување“ измешајте киви, ананас, манго и јагоди, а ако сакате „зелено засилување“ употребете киви, спанаќ, јаболко и круша.rnrnОвошна салата. Кивито, заедно со други овошја, можете да го исечкате на коцки и да направите сочна овошна салата. Салатата можете да ја прелиете со мед и дополнително да ја засладите.rnrnМешана салата. Ставете спанаќ како основа, а потоа додадете ореви, сушени брусници, парчиња јаболка, фета сирење и додадете исечени кивија. Потоа прелијте со винегрет.rnrn
rnrnМоќта на кивито не е само во неговата хранлива вредност. Тоа е и одличен козметички производ. Пробајте ја оваа домашна маска од киви која има моќ да го сопре опаѓањето на косата.