Кивито е овошје кое е богато со витамини А, Ц, К и Е, како и со калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк. Тоа е одлично за вашиот организам, но исто така може да има и силен ефект врз цврстината на вашата коса. Токму затоа ако сте забележале дека во последно време таа ви опаѓа, пробајте ја оваа домашна и едноставна маска од само 2 состојки.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 1 киви
- 1 лажица ракија или квалитетна вотка
rn011
rn
rn
Начин на подготовка и употреба:
rnИзлупете го кивито, пасирајте го со помош на виљушка и потоа додајте ја ракијата или вотката. Мешајте ги состојките сè додека не добиете густа смеса.rnrnНанесете ја смесата нежно на вашата коса и масирајте го коренот неколку минути, а потоа ставете пластична капа или кеса и оставете ја да делува 15 минути. Измијте ја косата со топла вода и благ шампон.rnrnМожете да ја користите оваа маска еднаш, до два пати неделно и за само месец дена ќе бидете воодушевени од резултатите.