Во далечната 1934 година, еден амбициозен писател и новинар по име Арнолд Семјуелсон поминал долг пат за да го запознае големиот Ернест Хемингвеј во неговиот дом во Флорида. Идниот нобеловец бил импресиониран од посветеноста на младиот човек и му дал листа на книги кои според него, секој љубител на пишаниот збор треба да ги има прочитано. Еве што препорачува Хемингвеј:rnrn
rn
1. „Синиот хотел“ (The Blue Hotel) од Стивен Крејн
rnСе работи за збирка раскази кои делуваат прилично едноставно поради директниот начин на кој се напишани, но несомнено е дека по читањето оставаат длабоки траги во умот и сеќавањето.rnrn
rn
2. „Отворениот брод“ (The Open Boat) од Стивен Крејн
rnЧетворица мажи доживуваат бродолом. Станува збор за вистинска борба за преживување. Оваа книга е полна со филозофски мисли за смислата на животот и човечкото постоење, кои ќе предизвикаат бура на емоции кај секој читател.rnrn
rn
3. „Мадам Бовари“ (Madame Bovary) од Густав Флобер
rnЕма Бовари мечтае за живот исполнет со гламур и љубовни авантури. Наместо тоа таа е заробена во монотонијата на секојдневниот живот како сопруга на доктор во мал град. Провинцијалната атмосфера го гуши страсниот дух на Ема, но сите нејзини обиди да го напушти овој здодевен свет доживуваат неуспех. Има ли надеж за бегство?rnrn
rn
4. „Даблинци“ (Dubliners) од Џејмс Џојс
rnОваа колекција психолошки новели е претставник на првиот зрел обид на Џојс да даде придонес во светот на книжевноста. Даблин е претставен како олицетворение на сите работи кои ги мразел поврзани со начинот на живот во Ирска. Градот е главното жариште на сите гревови, уназадување, корупција, вулгарности и бездушност. „Даблинци„ се смета за првиот пример на реалистична ирска литература од 20-тиот век.rnrn
rn
5. „Црвено и црно“ (The Red and the Black) од Стендал
rnОва книга е универзално прифатено ремек-дело од литературата на 19-тиот век. Станува збор за приказна за амбициозен и талентиран млад човек кој е одлучен да се искачи на скалата на успехот во општеството. Познато е дека оваа приказна успеала да го зароби вниманието и на големиот Лав Толстој. Протагонистот доаѓа до заклучок дека парите се единствено важни во денешниот свет и подготвен е да направи сè за да ја оствари својата цел.rnrn
rn
6. „За човековото ропство“ (Of Human Bondage) од Сомерсет Могам
rnНајвлијателниот роман на Могам му овозможува на читателот да ги открие светлата и темната страна на човечката природа. Исто така, преку оваа книга писателот целосно ја разголува својата душа овозможувајќи му на светот да види што навистина се крие во неговата глава.rnrn
rnrnПродолжете на следната страна за останатите 6 книги од оваа листа.rn