Со овој забавен дизајн, родителите повеќе нема да мораат на своите деца да им го двојат времето за играње и времето за читање и учење. „The Reading Net“ (Мрежа за читање) изработена од креативното дизајнерско студио „Playoffice“ е весел дизајн, кој го охрабрува читањето низ забава.rnrn
rnrnМадридското студио дошло до идеја да инсталира ваква кул мрежа во библиотека, но таа може да се постави и во секој дом. Заштедата на просторот и разиграноста на мрежата, се среќно решение и за родителите и за децата.rnrn
rnrnМладите читатели во библиотекава прво си одбираат неколку од нивните омилени приказни и потоа се качуваат на мрежата која виси над родителите, што им дава можност одоздола да припазуваат на нивните деца. На овој начин, децата повеќе не се ограничени на досадно седење на столчиња. Тука можат да седат, да лежат, да висат со главата надолу, па дури и да ги лулаат нивните стапала на еден ќош од мрежата, кој служи за нивно затскривање од родителите кои седат под нив.rnrn
rnrnКреативната средина е возбудлива за дечињата, бидејќи заедно со останатите другарчиња можат да си прочитаат по едно поглавје од книгата, а потоа да се релаксираат, енергично скокајќи по мрежата, за да ги „истрошат“ малку батериите пред повторно да продолжат со читање на нивните приказни.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.