Венеција е најпознатиот „град на каналите“, но сепак има и други градови изградени на вода, што се подеднакво убави и инспиративни. Во продолжение погледнете кои се тие.rn
Суџоу, Кина
rn
rnrnСуџоу се наоѓа во близината на Шангај, во покраината Џиангсу. Покрај прекрасните канали, присутни се и многу историски згради, а раскошните Кинески градини само уште повеќе го оживуваат целиот пејзаж. Во Суџоу има и мошне ресторани, продавници и кафулиња. Храмовите и оперската куќа се нештата кои мора да ги посетите доколку некогаш одите овде.rn
Бруж, Белгија
rn
rnrnОвој град има многу историски зданија и мостови кои им овозможуваат на туристите полесно да уживаат во каналите. Кога шетате по улиците на Бруж, како да се навраќате на некое минато време. Бруж е познат по изработката на чипка, а продавниците за чоколадо ги има речиси на секој чекор. Ова е прекрасна средновековна дестинација совршена за прославување на некои романтични моменти или пак на зимските празници, кога целиот плоштад се претвора во магична снежна бајка.rn
Бангкок, Тајланд
rn
rnrnПокрај каналите, во Бангкок има многу храмови кои вреди да се видат, а уличната храна и ноќниот живот се нешта кои треба да ги доживеете овде. Исто така, не смеете да ги пропуштите рестораните и пазарите на вода. Доколку сакате да ја избегнете гужвата, најдобро е да посетите некои од парковите, од кои најголем е паркот Лумпини.rn
Гитхорн, Холандија
rn
rnrnИако кога ќе се спомне Холандија, првата асоцијација е Амстердам, сепак Гитхорн е подеднакво спектакуларен и прекрасен град. Куќите таму се изградени во класичен холандски стил, а кога пловите по каналите можете да ги видите и убавите антички дрвени мостови. Каналите во Гитхорн се влеваат во езеро и токму затоа, повеќето туристи одлучуваат да изнајмат чамец и целосно да го почувствуваат градот.rn
Бирмингем, Англија
rn
rnrnЌе се зачудите кога ќе дознаете дека Бирмингем всушност има повеќе канали од Венеција. Модерниот дел од градот значајно се разликува од делот со каналите, каде се задржани зградите од викторијанскиот период. При разгледување на каналите, ќе наидете и на многу паркови кои мора да ги посетите, а ќе ве потсетат на минатиот век. Бирмингем изобилува и со музеи, продавници и ресторани, кои исто така вреди да се погледнат.rn
Кан То, Виетнам
rn
rnrnРеката Меконг го дава изобилието од канали во Кан То и истите најубаво можете да ги доживеете со изнајмување на чамец од мештаните. Пејзажите најпрвин изобилуваат со станбени објекти, потоа продолжуваат со руралните средини и на крајот се доаѓа до џунглата. Има и многу храмови и цркви кои исто така треба да се погледнат кога одите во Кан То.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.