Дали знаете дека стресот може да ги оштети вашите заби? Триењето на забите е распространет проблем со кој се соочуваат 10% од возрасните и 15% од децата.
Стресот игра голема улога во триењето на забите кое со текот на времето може да ги оштети вашите заби и вилица и да предизвика болка во мускулите. Се смета дека 70% од овие случаи се поврзани со стрес и анксиозност, и тоа најчесто стрес предизвикан од работата. Некои луѓе ги тријат забите додека се будни, но повеќето го прават тоа додека спијат и не се ни свесни за својот проблем.
Триење на забите додека сте будни: Луѓето го имаат овој проблем кога се обидуваат да се концентрираат, кога се бесни или под стрес и многу често не се свесни дека го прават тоа.
Триење на забите додека спиете: Триењето се случува кратко пред длабокиот сон и може да се повтори неколку пати во циклусот на спиење.rn
Зошто е важно редовно да одите на забар?
rnНајмногу поради тоа што повеќето луѓе не се свесни за својот проблем сè додека не им каже заболекарот. За овој проблем најчесто се користи заштита на устата и се поправа веќе настанатата штета. Триењето на забите се поврзува и со други нарушувања на спиењето. Луѓето кои рчат, кои имаат проблеми со дишењето и кои месечарат имаат поголеми шанси да ги тријат своите заби. Исто така, овој проблем почесто се јавува кај младите луѓе.rn
Триењето на заби кај децата може да е знак на физичко или психолошко малтретирање
rnЕдно истражување покажало дека децата кои ги триеле своите заби најверојатно се малтретирани на училиште. Истражувањето се фокусирало на деца од 13 до 15 години во Бразил, и се покажало дека малтретираните деца имале 4 пати поголеми шанси да ги тријат своите заби во спиењето за разлика од другите. Истражувањето покажало дека 65% од малтретираните деца се соочувале со овој проблем.rn
„Малтретирањето во која било форма е одвратно и може да има и физички и психички последици, кои кога се искусуваат во детството може да водат до трауми кои ќе траат целиот живот.“, изјавил Најџел Картер, директор на фондацијата за орално здравје. „Триењето на забите можеби не е приоритет во големата слика, но може да ни даде добар поглед кон менталната состојба на детето и може да ни помогне порано да го откриеме малтретирањето.“
rnПогледнете ги и грешките кои веројатно ги правите при миењето на заби.


