КАФЕ ПАУЗА

Семки од тиква, сончоглед, чиа, лен… Како правилно да ја користите оваа суперхрана?

Како правилно да користите некои видови семиња?

Семињата се намирници коишто се најбогати со калории кои пак, се важни за урамнотежената исхрана. Семките од тиква и сончоглед имаат добар вкус и кога се јадат сирови, но нивниот вкус значително се подобрува доколку ги запржите без масло.rnrnКако правилно да користите некои видови семиња?rnrnПред пржењето треба да ги измиете со млаз ладна вода и добро да ги исцедите за да се испржат рамномерно. Важно е постојано да ги мешате за да не загорат. Кога ќе почнат да мирисаат и кога ќе ја променат бојата, тоа е знак дека се готови. Додека се сè уште жешки можете да ги прелиете со малку соја сос и добро да промешате – влагата од семките веднаш ќе испари, а солта од сосот ќе се распореди рамномерно. Испржените семки оставете ги да се изладат, а потоа ставете ги во тегла.rnrnИ семките од коноп се многу повкусни доколку кратко ги пропржите. Правот од семе од коноп е популарен протеински додаток во пијалаците и исхраната на спортистите и физички активните луѓе. Тие се одлични за луѓето кои сакаат да ја одржат мускулната маса, а не сакаат да консумираат додатоци на база на сурутка.rnrnТрите вида семиња во себе имаат околу 50% масти, па откако ќе ги испечете можете од нив да направите и намаз така што ќе ги смелете во блендер. Нивните масти можат да го заменат обичното масло и се добар прелив за салата. Маслата од семиња се додаваат во чорбите и варивата за побогат вкус и кремаста текстура.rnrnДруг интересен начин за употреба на овие семиња е правење растително млеко. Доколку сировите семиња ги потопите неколку часа во вода, ги измелете и добро ги исцедите, ќе добиете пијалак со боја и текстура слична на млекото. Ова растително млеко е одлична основа за смуди, вегански сладолед и додаток во чорбите и преливите. Доколку сте алергични на ореви или бадем, овие млека се одлична замена.rnrnЛененото семе и чиа семето се одличен извор на омега 3 масни киселини. Овие семиња можете да ги обработите на два начина.rnrnБидејќи содржат околу 30% хранливи влакна, од кои четвртина се влакна на гуми, кога ќе ги потопите во вода овие семиња создаваат густ гел. Овој гел е одличен за констипација. Една лажица семиња прелијте ја со 100 милилитри вода и оставете да отстои во текот на ноќта. Следното утро испијте ја целата содржина – и семето и гелот. Ако сакате секојдневно да ги консумирате на овој начин, можете да потопите неколку лажички, па да ги чувате во тегла во фрижидер една недела. Со овој гел ќе го подобрите и варењето, но организмот нема да апсорбира многу од хранливите состојки бидејќи зрната се цели.rnrnПоради тврдата лушпа, речиси невозможно е да ги соџвакате, па можете да направите прашок од сировите семиња. Можете и да ги ставите во блендер со вашето омилено смуди. Никогаш немојте да купувате однапред смелени семиња бидејќи со стоењето, тие ја губат хранливоста. Мелете само по неколку лажички одеднаш, а остатокот чувајте го фрижидерот и искористете го во рок од неколку денови.rnrnПогледнете и кои се придобивките од консумирањето ленено семе.