КАФЕ ПАУЗА

10 работи кои апсолутно немаат смисла во „50 нијанси сиво“

Автор: Сара ТурановиќrnrnИако и понатаму ја сакаме книгата (за филмот веќе пишувавме), некои работи навистина се чудни. Направивме листа на работи од популарната „50 нијанси сиво“, кои немаат никаква логика. Ова се најдобрите 10.rnrn10-raboti-koi-apsolutno-nemaat-smisla-vo-50-nijansi-sivo-kafepauza.mkrn

1. На Анастасија не ѝ се важни парите, но…

rn… сепак великодушно ги прифати автомобилот, скапиот мобилен и лаптопот од Греј.rn

2. Таа го достигнува врвот точно кога тој ќе ѝ каже

rnКако да не!rn

3. Таа може да го достигне врвот со стимулација на брадавиците

rnНикој не е толку добар. Никој.rn

4. Чистачката на Кристијан ја чисти и „црвената соба на болката“

rnБаш нè интересира колку дополнително му го наплаќа тоа.rn

5. Кристијан вработува само русокоси

rnКога тој би бил бизнисмен во вистинскиот живот, бирото би му било затрупано со тужби за дискриминација.rn

6. Тие си разменуваат мејлови

rnБаш нè интересира што мислите за момче кое неодамна сте го запознале и сака да комуницира исклучиво преку имејл.rn

7. Анастасија е опседната со мебелот

rnИ колку луѓе може да се сместат на него. Секој пат кога го опишува, дава бројка по слободна процена, како без оваа информација читателите да не би можеле да живеат.rn

8. Греј ја следи Анастасија преку сигнал од нејзиниот мобилен телефон

rnШто би мислеле за момчето на кое му се јавувате од клубот после неколку пијалаци, и после 15 минути тој е таму без да сте му ја кажале локацијата? Потполно нормално, нели?rn

9. Мамурлакот на Анастасија го лечи чаша вода

rnПосле вечерта помината со шише текила, Анастасија се буди среќна и весела, дури и го јаде целиот појадок и тоа поради една чаша вода што ја испила по наредба на Греј пред да заспие. Нема врска што многу жени би биле среќни само да се разбудат утредента.rn

10. Тој не сака да се врзува, но…

rn…ја запознава Ана со неговата мајка, бидејќи тоа го правите со секоја жена со која сакате да имате само сексуални односи, особено во толку рана фаза.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.