Калапите за замрзнување вода од кои потоа се прават најразлични форми мраз се херојот во домаќинството за време на летниот период. Но, тие можат да ви се најдат преку целата година во кујната и тоа на најразлични начини. Како?rnrn
Вино
rnАко не сте го испиле целото шише вино, остатокот претурете го во калапите за мраз и потоа, употребете ги коцките за правење сосови или супи.
rn
Кафе и чај
rnЗамрзнете приготвено кафе или чај и добиените коцки мраз употребете ги кога ќе правите ледено кафе или леден чај, без притоа да го разводнувате напитокот со замрзната вода.
rn
Замрзнете го лимоновиот сок кој останал во бокалот
rnПотоа можете да ги употребите овие овошни коцки за да ги додавате во чаеви или во чиста вода.
rn
Домашна супа (без фиде)
rnИзвадете неколку коцки од фрижидерот за длабоко замрзнување и понесете ги со себе на работа за да си направите топла супа во микробрановата печка или пак фрлете ги во термос со загреана вода. Одлична идеја за оние кои мора да ги почитуваат правилата на некоја диета.rnrn
Уникатно место за чување накит
rnВашиот накит секогаш ќе се наоѓа на едно место, плус ќе го избегнете заплеткувањето и нередот.
rn
Палета за бои
rnКреативно нели? Одлично решение за љубителите на сликањето.
rn
Замрзнување и чување бебешка храна
rnЗеленчукот сварете го на пареа, испасирајте го, додадете вода за да ја добиете посакуваната густина и ставете ја смесата во калапите.
rn
Замрзнување белки од јајца
rnКога ќе наидете на рецепт кој бара да ги употребите само жолчките, едноставно претурете ги белките во калапот за коцки мраз и замрзнете ги за употреба во иднина.rnrn
Замрзнати песто коцки
rnСтавете од преостанатиот песто сос во калапите. Така, наредниот пат може да го искористите во супа, во тестенини или како дресинг за салата.
rn
Карамелизиран кромид и печен лук
rnИспечете го лукот во фолија и карамелизирајте го кромидот. Добиената смеса распоредете ја во калапите за мраз. Така, кога ќе ви требаат овие продукти, само одмрзнете ги и веднаш употребете ги.rnrn
Свежи зачини
rnСвежите магдонос, коријандер, нане или босилек ситно исечкајте ги, завиткајте ги во помалку ќесиња и ставете ги во калапите за коцки мраз. Така тие ќе ја задржат бојата и вкусот до следното одмрзнување.
rn
Други практични примени:
rn
- rn011
- Одделување и организирање семиња
- Организирање на витаминските апчиња кои ги пиете во текот на денот
- Замрзнати коцки доматно пире
- Калапи за желе
- Чување штрафчиња и шајчиња
- Калапи за колачи
- Мали сладоледи од овошни сокови набодени на дрвени стапчиња
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnШик совет: Направете ароматизирани коцки мраз. Како? Многу лесно. Земете ги калапите за мраз. Во секоја вдлабнатина ставете по едно ливче нане. Врз ливчето полијте со доволно вода. Оставете да се замрзне водата. Ете! Сега имате уникатни ароматизирани коцки мраз кои можете да ги пробате со џин-тоник или некој овошен чај.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
