КАФЕ ПАУЗА

Диета 20/20: План за исхрана на познатиот д-р Фил

Диета 20/20: План за исхрана на познатиот д-р Фил

Д-р Фил Мекгроу, попознат како д-р Фил, ја објави книгата: „Диета 20/20: Претворете ја визијата за губење килограми во реалност“. Со оваа книга, тој се обиде да им помогне на луѓето кои се борат со вишокот килограми да ја постигнат својата цел.rnrnДиета 20/20: План за исхрана на познатиот д-р ФилrnrnДиетата 20/20 се базира на термичкиот ефект на храната (бројот на калории што ги троши нашето тело додека ја вари и ја апсорбира храната и ги користи хранливите материи). Според книгата, 20 „моќни намирници“ бараат многу енергија за да се сварат. Затоа, колку повеќе калории трошите при варењето на оваа храна, толку помалку калории ќе складира телото  на крајот.rnrnИсхраната вклучува четири фази и секоја се состои од постепено ограничување.rn

Како изгледа оваа диета?

rnПрва фаза – петдневен поттик (консумирање само 20 намирници: бадеми, јаболка, наут, кокосово масло, бакалар, суви и свежи сливи, јајца, зелен чај, леќа, лиснат зеленчук, маслиново масло, сенф, путер од кикирики, ф’стаци, суво грозје, ‘рж, тофу, протеин од сурутка, јогурт).rnrnВтора фаза – петдневна апстиненција од повеќето видови храна (покрај веќе споменатата храна, можете да додадете: боровинки, кафеав ориз, моркови, пилешко, индиски ореви, печурки, овес и туна).rnrnТрета фаза – дваесетдневно одржување (полека воведете ги сите намирници што вообичаено ги консумирате, а идеално би било да вклучите авокадо, грав, домати, киноа, малини и спанаќ).rnrnЧетврта фаза – управување. Кога ќе продолжите да јадете нормално, следете ги советите за редовна физичка активност, воздржување од слатки, преработена храна итн.rnrnПокрај тоа, треба да вежбате 3-4 часа неделно со низок интензитет и 2-3 часа со висок интензитет.rn

Каква храна да избегнувате?

rnТреба да избегнувате слатки, тестенини, преработено месо (колбаси, салами итн.), грицки, чипс и и сокови.rnrnПијте вода, незасладени чаеви и природни сокови. Исто така, дозволено е кафе без шеќер.rnrnПогледнете ја оваа јапонска диета со банани со која може да изгубите дури 10 килограми за две недели.