Викендите ги користиме за максимално релаксирање и по можност бегање од градските гужви. Но поради разни прилики понекогаш сме приморани да понесеме повеќе козметички препарати кои може да зафатат многу место. Еве како практично да се спакувате истовремено заштедувајќи простор, но и понесувајќи го со себе сето она што ви е потребно.rnrn
rn
Започнете со прецизен список за пакување
rnНајважно е да бидете организирани. Запишете ги најосновните работи кои ви се потребни со цел да не заборавите ништо и да не понесете со себе работи кои непотребно ќе ви зафаќаат место.rn
Коректорот во стик е задолжителен
rnЌе ви помогне да ги прикриете темните кругови околу очите. Патувањето е напорно, па затоа и коректорот е секогаш добредојден. Може да ве спаси од многу неочекувани ситуации како појава на акни или подочници, а може и да ја замени пудрата.rnrn
rn
Трикот со четките за шминка
rnОна што ќе ви биде потребно е една голема четка за нанесување пудра или руменило, една четка за сенки и четка со закосени врвови со помош на која ќе ја нанесете црната сенка како моливче или туш за очи.rn
Компактна пудра
rnДоколку имате потреба од пудра, мудро е да вложите во компактна пудра со огледалце. Зафаќа помалку простор и е многу практична. Одберете камена пудра доколку имате мрсна кожа или потечна доколку имате сува кожа.rnrn
rn
Играта на сенките за очи
rnИако се викаат сенки за очи, не се само за очи. Паметен начин за заштеда на простор е купувањето повеќе нијанси во едно пакување. Обрнете внимание да бидат застапени следните нијанси:rn
- rn011
- Бела или шампањ боја за да ги нагласите веѓите и јаболчниците на образите.
- Сенка која се совпаѓа со бојата на вашата коса со чија помош ќе ги нагласите и ќе им дадете форма на веѓите (сторете го ова со четката за сенка).
- Сенката во крем боја може да ја искористите за нагласување на контурите на носот.
- Розова или праска боја наместо руменило.
- Одберете боја на сенка која ќе ви послужи како основа и нанесете ја на целата површина по очните капаци. Вака ќе им дадете сјај на очите и ќе постигнете природен изглед. За ваква примена искористете светло кафеава боја или боја на праска.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn
Спакувајте мостри и мини примероци
rnМострите на кармини се совршени за патување. Не ви зафаќаат многу простор, а ја вршат истата функција. Исто, доколку сте во можност снабдете се со мостри од вашиот омилен парфем наместо да понесете цело шишенце. Мини примероците на шампон, регенератор, гел за туширање и лосион за тело навистина ќе ви завршат работа за викенд-патување.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.