КАФЕ ПАУЗА

Омилената храна го открива вашиот карактер

(4) omilenata-hrana-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Автор: Ана ПетровиќrnrnПоврзаноста на карактерот со исхраната е тема со која често се занимаваат бројни експерти, со цел да докажат како преокупираноста со калориската табела често ни штети во уживањето во храната.rnrnЖелбата за храна во себе содржи психички компоненти, па така потребата за слатко, солено, луто или кисело открива какви карактеристики криеме во себе и за каква личност станува збор.rnrn(4) omilenata-hrana-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrnrnАлан Хирш, невролог и психијатар од Чикаго пред неколку години спроведе истражување врз 18.000 испитаници, преку кое дојде до резултати кои јасно го покажуваат односот помеѓу желбата за одредена храна и карактерот.rnrnЗа тоа каква личност сте можете да заклучите од сопствените потреби за петте основни вкуса, кои не треба да ги потиснувате, како што вели Хирш, туку да ги задоволувате умерено и контролирано.rnrnПо што посегнувате најчесто, кој вид храна е вашиот приоритет?rn

Солената храна се поврзува со успешни личности кои се водат од разумот, а не од срцето

rnЛичностите кои чувствуваат потреба за солена храна ретко го изразуваат своето мислење, но се неизмерно енергични и храбри во критични ситуации, темелејќи ги своите одлуки на разумот, а не на срцето.rnrnСо обѕир на тоа што често им дозволуваат на другите да им го кројат приватниот и деловниот живот, посегнуваат по кесичка чипс или порција солен помфрит, поради ниското ниво на минерали во организмот. Истражувањата покажуваат дека исхраната сиромашна со калциум предизвикува желба за солена храна.rnrn(2) omilenata-hrana-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

Слатката храна е одраз на сензуални хедонисти

rnЛичностите кои чувствуваат голема потреба за темно чоколадо сакаат да бидат во центарот на вниманието, ги привлекува хедонистичкиот начин на живот, додека во деловниот свет целат кон водечки позиции. Оние личности кои претпочитаат млечна чоколада често се тивки и повлечени, но знаат да уживаат во животот. Хирш нагласува дека општо, љубителите на слатки се личности кои сакаат да се дружат и да се забавуваат.rnrnЧоколадото стимулира лачење на хормонот серотонин, и е совршен десерт кој расположува и помага кога на телото му е потребна дополнителна енергија.rnrnОмилената храна го открива вашиот карактерrn

По слатко-солена храна посегнуваат креативни и осамени луѓе

rnДоколку ја обожавате онаа комбинација на слатко и солено тогаш припаѓате во категоријата на луѓе кои најмногу сакаат да бидат сами, да управуваат со своето време и простор, кои не поднесуваат надмоќ и најмногу од сè ја ценат приватноста.rnrnЧестата желба за ваквото комбинирање е знак за намалено ниво на гликоза и натриум во организмот. Ваквата состојба резултира со исцрпеност, поради која многумина посегнуваат по солени грицки и слатки чоколади за да си ја вратат енергијата.rnrnОмилената храна го открива вашиот карактерrn

Лутата и зачинета храна укажува на темпераментни личности

rnТемпераментните личности кои не сакаат да губат време на небитни работи во животот се обожаватели на лута и зачинета храна. Тие сакаат ред и дисциплина и со неверојатна брзина ги извршуваат своите обврски, па така храната со засилен вкус им делува смирувачки.rnrnВаквата храна ја забрзува работата на срцето и дишењето и го покачува крвниот притисок, но мора да се биде претпазлив со нејзиното конзумирање, бидејќи истражувањата покажуваат дека луѓето се способни да развијат зависност од зачинета храна.rnrn(5) omilenata-hrana-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

Горчливиот вкус им годи на внимателните личности

rnЛичностите кои тешко му се препуштаат на срцето, често се критикувани како недоволно страсни карактери. Таквите се обожаватели на горчливиот вкус, кој е најмалку застапен во категоријата на омилени вкусови.rnrnГорчливата храна ја урамнотежува нивната ладнокрвност која е само површна, бидејќи длабоко во себе тие се мирни и емотивни личности. Ваквиот вкус го исполнува она мало незадоволство кое ги тера да гледаат на работите онака како што се, без розови очила.rnrnОмилената храна го открива вашиот карактер
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.