Жените влегуваат во оваа фаза на околу 45 до 55 години. Тогаш почнува сѐ. Тие поминуваат низ постојани промени на расположението, несоница и здодевни топлотни бранови. Ви звучи познато? Менопаузата е природен и нормален дел од животот и вашиот менструален циклус. Порано или подоцна, сите жени ќе поминат низ истиот период. Но, исто како и менструацијата, така и менопаузата има различно влијание кај различни жени.rnrn
rnrn20% од жените тврдат дека менопаузата драстично им го сменила животот и тоа не на подобро. Ако и вие сте едни од нив, не грижете се. Експертите велат дека постои еден корисен начин на кој ќе можете да ги ублажите симптомите на менопауза и да водите нормален живот.rnrnКлучот лежи во релаксацијата. Звучи премногу очигледно и едноставно, но станува збор за навистина ефективен метод. Причината за сите симптоми што ги чувствувате е хормонскиот баланс во вашето тело кој зависи од стресот.rnrnКолку поголем стрес чувствуваме толку поголем емотивен хаос предизвикува надбубрежната жлезда која лачи адреналин. Како последица на тоа жените чувствуваат силен хормонски дисбаланс.rnrnОна што треба да го направите е да го победите стресот и да се опуштите. Смирете ја вашата надбубрежна жлезда со помош на природни билки. Работете на разни техники за справување со стресот.rnrnОслободете се од стресот со помош на медитација, редовни масажи или таи чи. Правете го она што ќе ви помогне да се справите со секојдневните стресови. Не заборавајте дека менопаузата е неизбежен дел од животот и не смеете да паднете под нејзина контрола. Можете да ги преземете работите во свои раце, само најдете време за да се опуштите!rnrnДали сте знаеле дека вашата менструација открива колку долго би можеле да живеете? Дознајте повеќе за ова тука.
Како да ги ублажите неподносливите симптоми на менопаузата?
