Њујоршкиот артист Кевин Чампени мора да е голем гурман за слатки, штом смислил начин како да го декорира просторот за живеење со бонбончиња. Toј направил рачно изработен лустер од 5.000 разнобојни гумени мечиња. Неговиот производ е достапен во две варијанти: 45 см долг во дијаметар, направен од 3.000 гумени бонбони и тој од 5.000 мечиња, што е 79 см во дијаметар.rnrn
rnrnКако што проаѓа светлината од 50-ватната флуоресцентна сијалица низ разнобојните бонбони, просторот се исполнува со нежен, „сладок“ сјај. Кевин ги изработува овие слатки лустери за американската компанија „Jelllio“, каде што се продаваат по цена од 2.400 долари (помалиот) и 6.500 долари (поголемиот).rnrn



rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
