КАФЕ ПАУЗА

Како можете да ја намалите телесната тежина преку консумирање протеини?

Како можете да ја намалите телесната тежина преку консумирање протеини?

Протеините се клучните состојки кога станува збор за слабеење. Истражувањата покажале дека тие можат да ви помогнат да го намалите апетитот. Сепак, доколку мислевте дека треба да го одбегнувате појадокот за да ја постигнете идеалната телесна тежина, се лажете.rnrnКако можете да ја намалите телесната тежина преку консумирање протеини?rnrnСпоред најновите истражувања, прескокнувањето на појадокот не влијае врз зголемувањето или намалувањето на телесната тежина. Освен тоа, причина плус за да не го пропуштите појадокот е фактот дека придонесува за подобрување на менталните перформанси.rnrnПротеините се несомнено најважните состојки за губење на тежината. Тоа е така бидејќи телото користи повеќе калории за метаболизирање на протеините во споредба со јаглехидратите или мастите. Покрај тоа, протеините ве одржуваат сити подолго време.rnrnЕдно истражување покажало дека зголемувањето на внесот на протеини кај жените од 15 на 30% од вкупните калории, им помогнало да внесуваат 441 калории помалку дневно.rnrnДруги истражувања, пак, покажале дека појадокот богат со протеини го намалува чувството за глад и придонесува за намалување на внесот на калории до дури 135 калории помалку во текот на денот.rnrnОткако прочитавте за врската меѓу протеините и губењето калории, можеби ќе сакате да прочитате и кои витамини помагаат при согорување калории.rnrnИзвор: healthline.com