Постарите луѓе најчесто пружаат отпор против современата технологија. Во „нивно време“ без неа било поубаво, па не им треба ни кога се постари. Сепак, разумен човек секогаш знае како добро да ја исползува технологијата без да си нанесе штета на самиот себе, а овие неколку апликации би можеле многу да им помогнат на оние кои веќе зачекориле во третото доба од животот.
rn
Кога слабо гледаат
rnКога слабото светло е пречка за да ги видат добро работите околу себе, тогаш апликацијата LED Reading Glasses е мудар избор. Оној кој ја има инсталирано на својот мобилен уред може со само еден клик да ги вклучи до максимум сите светла кои му се на располагање во моментот, а при тоа обезбедува подобра светлина и од батериска ламба.rnrn
Кога слабо слушаат
rnReal Clarity App е апликација за мобилен телефон која го репродуцира звукот. Така, кога некој слабо слуша потребно е само да ја активира апликацијата и да го стави мобилниот телефон на увото, па мобилниот уред ќе го повтори она што „го слушнал“.rnrn
Кога не можат да се присетат
rnВо периодот кога нервите природно попуштаат поради староста потребно е мозокот да се одржува во кондиција со соодветни вежби. Апликациите Marbles MindSpring Software и Dakim BrainFitness нудат повеќе вежби кои многу ќе им помогнат на оние кои не сакаат да се предадат пред она што им го носат годините.rnrn
Кога не можат да возат
rnЧовек со нарушено здравје седнат зад волан е голема опасност за останатите возачи и пешаците. Најдобро е тие воопшто да не возат, но за некое време тоа веќе нема да биде пречка. Сè повеќе производители на автомобили вградуваат софтвери за помош при паркирање, електронско ограничување на брзината, а за неколку години се најавуваат и првите автомобили кои самите ќе се управуваат.rnrn
Сепак…
rnИако овие апликации можат многу да го подобрат квалитетот на животот на постарите, на крајот на краиштата, кој може да тврди дека технологијата навистина го олеснува животот? Според Робин Раскин, истражувач на полето на влијанието на технологијата врз животот, можеби слабеењето на сетилата всушност претставува природна заштита на организмот против сите оние нешта кои секојдневно ги перципираме, а не ни се потребни за среќен живот. Кој знае, доколку премногу се потпреме на ваквите технолошки достигнувања ќе ја изгубиме можноста да не се заморувме со она што не можеме да го видиме и слушнеме.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
