КАФЕ ПАУЗА

Јапонска филозофија која ќе ве научи како да ги прифатите промените

Јапонска филозофија која ќе ве научи како да ги прифатите промените

Каизен е јапонска филозофија што може да го симне од тронот данскиот концепт хиге. Хиге владееше со светот и се заснова тоа дека треба да ги цените малите радости во животот, па очигледно е дека ова навистина функционира бидејќи Данците се сметаат за најсреќните луѓе во светот.rnrnЈапонска филозофија која ќе ве научи како да ги прифатите променитеrnrnСлично е и со каизенот, јапонското верување дека големиот успех е резултат на мали, суптилни промени во животот. Буквалниот превод на зборот е „подобрување“, а теоријата зад оваа филозофија е дека сите аспекти во вашиот живот треба постојано да се подобруваат.rnrnПроблемот на западниот свет е тоа што луѓето бараат брзи решенија за своите проблеми. Каизен ги потенцира малите чекори кои придонесуваат промената да бидат континуиран процес, а не брзо решение.rnrnПромените треба да бидат мали, така што на почетокот едвај ќе забележувате разлика во вашиот секојдневен живот. Тоа значи додавање уште едно парче овошје или зеленчук во вашата корпа или пет минути медитација секоја сабота. Така, промената станува навика.rnrnЕдинственото нешто што навистина ви е потребно е пенкало и хартија. Сето тоа се сведува на цели, краткорочни и долгорочни. Поделете ги на здравствени, деловни, финансиски, домашни и социјални, а потоа нурнете длабоко во секој аспект.rnrnКога станува збор за здравјето, тоа значи дека треба да се запрашате каков е вашиот став кон вашето тело, кон менталното здравје, кон исхраната и кон вежбањето. Исто така, запрашајте се со што сте задоволни, а со што не сте задоволни.rnrnОткако ќе го направите тоа, ќе ви биде полесно да откриете на што треба да се фокусирате и кои навики да ги промените. Целта на оваа филозофија е да ги развиете позитивните навики и да се ослободите од лошите.rnrnЈапонците исто така веруваат дека каизенот е клучот за зајакнување на емоционалната интелигенција. Важно е да прифатите дека не сте секогаш совршени и да признаете дека секогаш има простор за развој.rnrnНаправете го овој јапонски тест на личноста што открива голема вистина за вашата потсвест.