Ајурведата ја користи куркумата во борбата против оксидативниот стрес околу 4000 години. Можете да ја вклучите оваа древна билка во вашето секојдневно мени како додаток во јадењата со кари или како чај, но исто така можете да ја консумирате и како суплементи.rnrn
rnrnСлободните радикали се одговорни за создавање оксидативен стрес во телото, а тоа може да резултира со сериозни здравствени проблеми. Од друга страна, зголемената антиоксидантна активност во телото придонесува за подобрување на целокупното здравје.rnrnИстражувањата покажале дека куркуминот ги подобрува маркерите на оксидативниот стрес при што обезбедува голем број на предности за целиот организам. Научниците откриле дека биохемиската структура на куркуминот ги неутрализира слободните радикали и го штити телото од оксидативниот стрес.rnrnОсвен тоа, пиперинот, главната биоактивна состојка на црниот пипер, во комбинација со куркумата овозможува таа целосно да делува врз организмот.rnrnОткако прочитавте за кукркумата и нејзиното влијание врз оксидативниот стрес, можеби ќе сакате да прочитате и за природното избелување на забите со куркума.rnrnИзвор: mindbodygreen.com
Како куркумата може да ви помогне во борбата против оксидативниот стрес?
