КАФЕ ПАУЗА

Природно избелување на забите со куркума

Природно избелување на забите со куркума

Куркумата е билка која уште одамна се користи во кинеската и ајурведската медицина, а препознатлива е по нејзината карактеристична златна боја. Во народната медицина, куркумата се користи против болки со различно потекло, а може да се користи и како продукт за убавина. Се советува да користите куркума за избелување на забите, бидејќи може да ги осветли за неколку нијанси, и тоа за многу краток период.rnrnПриродно избелување на забите со куркумаrn

Љубители нa кафе

rnИзбелувањето на забите со куркума е особено препорачливо за љубителите на црниот чај и кафето и за пушачите. Ова средство за избелување е целосно природно и не содржи состојки кои можат да му наштетат на забите. После само една недела редовно користење, ќе можете да го забележите резултатот.rn

Природно средство

rnЗа да направите ваше средство за избелување на забите, сè што треба да направите е да нанесете 1/4 од лажичка куркума на четката за заби. Потоа исчеткајте ги забите како и вообичаено. По четкањето, немојте веднаш да ја плакнете устата и оставете ја куркумата да делува околу 5 минути. Потоа темелно исплакнете ја устата.rn

Видливи резултати

rnУште по првиот третман ќе можете да ги забележите резултатите. Доколку не сте задоволни, можете да го повторувате третманот цела недела, секој ден. Покрај вообичаеното четкање со куркума, можете да направите и паста со неколку капки маслиново масло и 1/4 лажичка куркума.rn

Лечење рани

rnКуркумата може да ви помогне и во лекувањето мали рани, намалување на крварење на непцето и ублажување на воспалителните процеси во устата. Овој зачин е одличен природен антибиотик и антисептик.rn

Зајакнување на телото

rnКуркумата е одлична и за зајакнување на телото и смирување на воспаленото грло. Исто така можете да ја користите и за намалување на видливоста на темната кожа којашто се појавува на лактите.rnrnПогледнете и зошто во секој оброк треба да додадете малку куркума.