Автор: Бојана МандевскаrnrnКонечно решивте вашата љубов да ја крунисате со брак. Од моментот кога се одлучивте за венчавка, па сè до големиот ден кога ќе го кажете големото ДА, ви претстојат многу подготовки, желби, очекувања, барања, различни обичаи и адети. А воопшто не е лесно различните вкусови и желби да се спојат во едно.rnrn
rnrnНајпрво е потребно да одберете и закажете термин за венчавка. Потоа да ја одберете темата на венчавката. Може да одберете традиционална, формална, венчавка по последната мода, сезонска, венчавка како од бајките, венчавка под маски или пак неформална. Друг избор е венчавка во сала или пак на отворено. Изберете го тоа што најмногу ви се допаѓа.rnrn
rnrnОд кога ќе ја одберете темата на венчавката ќе можете да ја одберете и локацијата на прославата, црква, дали ќе одите во матично или матичар ќе дојде на вашата прослава.rnrnПотоа следи изборот на бурмите. Златни, сребрени, со камчиња или не, гравирани или не. Изборот на бурмата исклучиво зависи од вкусот на младоженците.rnrn
rnrnСигурно веќе имате одбрано и кумови, старосвати, деверици. Па изборот на нивните фустани и костуми сигурно ќе сакате да се вклопи со темата на вашата венчавка. При изборот на вашиот венчален фустан можете да одберете и фустани за вашите деверици, а младоженецот да одбере костум или смокинг заедно со кумот и деверот.rnrn
rnrnДоколку имате и млади младоженци – мала невестичка и младоженец, можете и за нив да одберете фустан и костум.rnrn
rnrnИсто така многу важен момент е изборот на покани. Потрудете се да бидете единствени и изберете интересни покани. Бидете креативни и со интересна порака соопштете ја веста за вашето венчавање. И секако, поканите за гостите нека бидат тематски вклопени во целата венчавка.rnrn
rnrnКога веќе ја имате одбрано темата на свадбата, многу полесно ќе ви биде да ја одберете музиката, декорациите за колата, за домот, бидермаерот, цветните китки, формата и вкусот на невестинската торта и бонбончињата.rnrn
rnrnИ секако она што е најважно за овој прекрасен ден долго да го зачувате свеж, е изборот на добар и квалитетен фотограф и снимател.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
