Искусните британски фитнес-тренери Аманда Урсел и Ники Ватермен направиле одличен план како за само 5 дена да добиете рамен стомак. Темел на оваа рутина се неколку совети, а за сите оние кои ќе се придржуваат до нив, резултатите се загарантирани.rnrn
rnrnДоколку се чувствувате тешко и надуено, а се грижите како ќе изгледате во новата облека специјално купена за некој настан, вистинско време е да се посветите на создавање здрави прехранбени навики.rn
Положба и џвакање
rnГлавен фактор е да сте седнати додека јадете и да џвакате пополека со затворена уста. Што подолго трае џвакањето на еден залак, толку помалку ќе јадете.rn
Избегнувајте сокови и пијалаци
rnЗасладените овошни сокови, засладените минерални води и газираните пијалаци се богати со калории и го дујат стомакот. Затоа практикувајте да пиете само вода кога сте жедни.rnrn
rn
Избегнувајте вештачки засладувачи
rnВештачките засладувачи кои содржат сорбитол, манитол и лактитол, се варат во цревата на стомакот каде што голем број бактерии се хранат со нив. Поради тоа абдоменот и цревата создаваат дополнителни гасови кои го отежнуваат варењето на храната. Најдобро е да се користи кафеав шеќер, но во мали количини.rn
Внимавајте на отпорниот скроб
rnПо правило скробот е лесен за варење, но постои и скроб кој е отпорен на ензимите за варење на храната. Тој не успева да се апсорбира во тенкото црево, па така несварен поминува во дебелото црево. Поради ваквиот скроб, цревата често се дујат. Овој скроб го има во гравот, бананите, оризот, компирот и печурките.rn
Избегнувајте зеленчук кој дуе
rnГравот, кромидот и зелката се дел од намирниците кои најмногу го дујат стомакот. Во деновите кога сакате да изгледате совршено, гледајте да ги избегнете.rnrn
rn
Пијте пробиотици
rnДобрите бактерии од јогуртот, помагаат при варењето на храната да се намали количеството на воздух во цревата, а научниците од универзитетот во Манчестер докажале дека пробиотиците ја намалуваат и надуеноста на стомакот.rn
Намалете со солта
rnСтручњаците тврдат дека ограничувањето на количината на сол која ја внесувате во организмот на само 3 грама дневно, може значително да ја намали подуеноста на стомакот. Солта се врзува со водата и со тоа предизвикува подуеност. Најголемиот дел од количеството на сол, луѓето ја внесуваат преку закуски, чипсови, грицки и слично.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
