КАФЕ ПАУЗА

Не можете да имате подобро минато, вие сте направиле сѐ што било во ваша можност!

Written by

in

,

Наместо да се жалите, насочете ги вашите мисли кон љубовта и дозволете им на вашите дела да произлегуваат од таа љубов. Минатото е завршено, вие не сте повеќе истата личност. Не обвинувајте се за она што (не) сте требале да го направите тогаш. Вежбајте да се ослободите од стравот и вината и истите да ги заменете со љубов, простување и добрина.rnrnНе можете да имате подобро минато, вие сте направиле сѐ што било во ваша можност!rnrnАко се чувствувате виновни поради нешто од вашето минато, потсетете се дека со тоа само си предизвикувате неволји во вашиот живот. Ако постојано се обвинувате, вие ќе ја изгубите вашата ментална енергија. Оставете го она што се случило да стои во минатото, тоа завршило и ве научило на некоја животна лекција. Ако ја исполнувате сегашноста со вина поради минатото, тоа е само уште еден од начините да се држите настрана од моментот во кој треба да живеете. Посветете се на сегашноста и ослободете се од вината за минатото. Само една мисла ве дели од тоа. Ако пораките од минатото не ви донеле мир и среќа, тогаш минатото ве научило на погрешни лекции. Бидете во мир со себе, а која било мисла што ве оддалечува од тоа, треба што побрзо да ја отфрлите, без оглед на сѐ друго. Ако нешто не ви носи мир, тогаш не ви ни треба во вашиот живот!rnrnРазмислете за можноста за целосно бришење на минатото и обидете се да живеете во сегашниот момент. Кога ќе престанете да се потпирате на работите кои некогаш ви се случувале и ви го дефинирале животот, вие ќе пронајдете нова слобода. Ослободете се од сите оние етикети кои ви кажуваат што сте. Едноставно избришете го минатото и обидете се да живеете во денешниот ден. Наместо да го проколнувате своето минато, благословете го и целосно простете си. Кога ќе сфатите дека тие искуства се дел од вашиот живот, вие ќе можете да живеете слободно и да зачекорите кон иднината.