КАФЕ ПАУЗА

Како до беспрекорен изглед со најпопуларната боја на кармин за оваа сезона?

Како успешно да ја носите најпопуларната боја на кармин оваа пролет

Нестандардните бои на кармини стануваат сè попопуларни, а се осмелуваат да ги носат и не толку храбрите девојки. Многу козметички компании во својата понуда имаат најразлични бои и нијанси, од нежни розови и интензивно црвени, до сини, жолти, зелени и црни. Пејачката Ријана е една од популарните личности кои имаат свои колекции шминка со вакви нијанси.rnrnКако успешно да ја носите најпопуларната боја на кармин оваа пролетrnrnОвој тренд досега го прифаќаа најхрабрите девојки кои обожаваат да експериментираат со најразлични изгледи, но може да го носат дури и оние кои немаат целосна доверба во бојата на оваа пролетна сезона – сината. Потребно е само да се следат неколку едноставни чекори, за изгледот да биде беспрекорен.rnrn1. Испуканите усни се причина поради која нанесениот кармин може да изгледа ужасно, без разлика која е бојата. Направете благ пилинг пред да се шминкате.rnrn2. Нанесете тенок слој пудра и врз усните, за да добиете изедначена боја со тенот. На овој начин создавате добра основа за нанесување на карминот.rnrnКако успешно да ја носите најпопуларната боја на кармин оваа пролетrnrn3. Нанесете подлога за усни. Можете да ја најдете во поснабдените парфимерии. Исто така, можете да нанесете и малку безбоен балсам за усни.rnrn4. Почекајте усните да го впијат балсамот и потоа нанесете кармин. Несовршеностите на рабовите на усните ќе ги коригирате со помош на моливче за усни.rnrnКако успешно да ја носите најпопуларната боја на кармин оваа пролетrnrn5. Исцртајте ги усните со моливче во сина боја по рабовите. Можете да користите и специјално моливче за усни, но доколку не успеете да најдете, ќе заврши работа и моливчето за очи во слична боја на карминот.rnrn6. Нежно бакнете хартиено марамче, за да го отстраните вишокот. За да ја истакнете бојата одозгора додајте проѕирен сјај за усни. Доколку сте љубител на мат финишот, изоставете го сјајот.rnrnИзберете ја нијансата на кармин која ви се допаѓа и откријте нешто повеќе за вашата внатрешна убавина.