Можеби не сте свесни за тоа, но карминот што го носите открива многу работи за вашиот карактер. Карминот е заштитен знак на секоја девојка, без разлика дали станува збор за пастелно розов, огнено црвен или храбро портокалов. Погледнете ја фотографијата и одберете го карминот што би сакале да го носите. Секоја боја има одредено значење и ќе ви открие нешто интересно за вашата внатрешна убавина…rnrn
rn
Кармин под број 1
rnГо живеете животот со леснотија. Секој проблем го гледате како предизвик кому целосно му се посветувате. Тоа е единствениот начин на кој успевате да живеете без премногу анксиозност и стрес. Тешките задачи ги претворате во забава и ги решавате со помош на шарм и интелигенција.rn
Кармин под број 2
rnАко ја претпочитате оваа боја на кармин, тоа значи дека на проблемите им пристапувате со бистра глава. Јасно ја гледате својата цел и никогаш не ја губите од видик. Благодарение на вашата посветеност, ќе постигнете сѐ што ќе посакате. Но, никогаш не дејствувајте без размислување. Дајте си време и проценете ја ситуацијата. На тој начин, конечно ќе ги остварите сите ваши желби.rn
Кармин под број 3
rnОвој избор открива дека многу размислувате и тоа понекогаш ве спречува да ја согледате едноставната страна на работите. Сепак, на крајот ќе успеете да пронајдете рамнотежа помеѓу разумот и емоциите. Имате сѐ што ви е потребно за да застанете на границата помеѓу рационалноста и емоционалноста, а тоа ќе ви помогне да се справите со успесите и поразите во вашиот живот.rn
Кармин под број 4
rnПоседувате многу скриени таленти. Имате бујна фантазија и многу сте креативни. Благодарение на вашата способност да се фокусирате, секогаш можете јасно да го искажете вашето мислење, а тоа доведува до урамнотежен ум. Искористете ја оваа предност, особено во тешките ситуации, затоа што секогаш успевате да останете мирни и да размислувате со ладна глава. Секогаш ги држите работите под контрола и јасно ви е кои нешта ви се важни во животот.rn
Кармин под број 5
rnВие на работите им пристапувате објективно и енергично. Многу сте тактични, суптилни, сочувствителни и точно знаете што сакате од животот. Сепак, сѐ уште треба да вложувате многу труд за да ја остварите вашата цел. Вашата активна природа ви помага да бидете храбри и обично го довршувате она што сте го започнале, бидејќи во спротивно знаете да се критикувате себеси. Не си поставувате невозможни цели и се обидувате да го постигнете она што навистина го можете.rn
Кармин под број 6
rnИмате силен и препознатлив карактер. Одлучни сте, покажувате голема ментална сила и поседувате силен оган кој се бори со огромна енергија. Сте поминале низ тешки периоди во животот, но тоа сега е зад вас. Имате сѐ што ви е потребно за да се издигнете како феникс од пепелта.rnrnДоколку ви се допадна овој тест, одберете го вашето омилено цвеќе и дознајте повеќе за вас.rnrn