Минималистички и клаустрофобичен филм за неочекуваните кошмарни животни пресврти и за борбата за живот до последната секундa rnrn
Режија: Родриго КортесrnrnСценарио: Крис СпарлингrnrnУлога: Рајан РејнолдсrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 септември 2010rnrnЖанр: трилер, мистерија, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnВо кинематографска ера кога специјалните ефекти се филмско „добро утро“ и сé помалку се снима, а се повеќе се доработува и дошминкува на компјутерските монитори, вистинска реткост е да се види минималистички филм кој се враќа на голата суштина на работите – сé што е потребно е креативно сценарио, инвентивна режија и глумец кој не се плаши да превземе ризик. Токму по таа формула е работен филмот „Закопан“ во кој постојано пред камерата имаме само еден актер, Рајан Рејнолдс, а апсолутно целото дејствие се одвива во дрвен ковчег, под земја. Иако филмската траекторија на моменти малку паѓа, што е прифатлив ризик со оглед на тоа дека следиме час и половина дејство кое се одвива на метар квадратен, сепак сценаристот и режисерот наоѓаат креативни начини да не вратат на патеката, што за приказна со волку „ограничувачка“ основа е вистинска умешност.rn____________________________________________________________________________________________rn.rn
rn
Приказна: Пол е возач за американска компанија во Ирак. Откако неговата група е нападната, тој се буди во дрвен ковчег под земја, а оставен му е само мобилен телефон со ограничено траење на батеријата и запалка. Има само неколку часа да изнајде начин за да се спаси… и би било сурово ако ви раскажам повеќе од приказната – би била како најиритантното друштво за филм (од оние кои го гледале филмот и ги извикуваат сцените пред да се случат). Затоа пуштете си го „Закопан”.
За овој филм, режисерот Родригез одлучил да биде каскадер во сите аспекти – презема толку ризици и ниту еднаш не ја одбира сигурната варијанта што просто е неверојатно. Покрај сценариото кое е доволен предизвик, за главна улога одбира актер кој е најпопуларен по романтичните комедии, Рајан Рејнолдс. Тој го носи сизифовиот товар во овој филм додека сите останати актери се јавуваат како глас преку телефонот или во кратка секвенца. Последно негово запаметено остварување е лимунадестото филмче The Proposal со Сандра Булок, додека во весниците генерално го пишуваат како мажот на Скарлет Јохансон. Но Рејнолдс сосема добро си ја завршува работата во „Закопан”. Огромен актерски тест е што на секое следно снимање, на секој следен кадар мора да се продолжи со истата емоција и со истата состојба на умот, на човек закопан под земја. Сепак, Рејнолдс се справува без притоа да го носи товарот од неговите претходни „лесни“ улогички, без да се повторува со гримасите, мимиките… 
Кинематографија: Исто како и главниот лик Пол, така и камерата воопшто не излегува од дрвениот ковчег. Мајсторство е да се изнајдат доволно агли за снимање во толку ограничен простор, а сето тоа да не изгледа смешно како зумовите на лице во сапунските серии. Тука камерата е динамична и воопшто не се чувствува „заседнатост“ и статичност. Воедно светлото во „Закопан” доаѓа од извори како запалка, мобилен телефон или халогени светилки. Има моменти кога се наоѓаме пред целосно темен екран каде се слуша само дишење или панично удирање по дрвениот ковчег. Но токму тоа го прави целиот филм интересен за гледање, атмосферата како и вие да сте со Пол во сандакот.
Кога и како да го гледате: Филмот е „Закопан”, па најдобро е додека го гледате и вие да се закопате, метафорички кажано. Значи идеалната атмосфера е во темна соба на голем телевизиски екран и по можност сами, нормално доколку не сте премногу плашливи. Ова не е попладневно филмче за после работа, пуштете го на оние одбрани филмски вечери со пуканки и сокче. И нормално уште една препорака која најверојатно ја насетувате покрај сé кажано – не треба да го гледаат луѓе кои имаат страв од затворен простор.
rnrn
rn
rn
