Животот не доаѓа со упатства и инструкции и нема точно проверени методи кои загарантирано ќе ви го продолжат животниот век. Но, постојат одредени совети кои се резултати од многу истражувања, и кои би ни помогнале да си го подобриме животот во некои аспекти.rnrn
rn
Храна и пијалаци
rnАлкохол – Не откажувајте се од алкохолот, напијте се по некоја чашка. Оние кои пијат умерено имаат помал ризик од заболување отколку оние кои не пијат воопшто. Алкохолот има и благодетни дејства. Не заборавајте дека сè е добро во умерени количини, многу подобро отколку целосна апстиненција.rnrnРизикот за смртност кај оние кои умерено пијат алкохол изнесува 45%, додека пак кај оние кои не пијат воопшто е 51%.rnrnКафе – Редовно пијте кафе. Многу истражувања покажале дека кафето може да ги заштити жените од многу болести.rnrn
rnrnКај жените кои пијат 2-3 шолји кафе на ден, ризикот за заболување од срцева болест е намален за 25%.rnrnЧоколадо – Мислевте дека клучот до подобро здравје е откажувањето од слатките задоволства?rnrnОние кои умерено јадат чоколадо, живеат подолго од оние кои го јадат премногу често, но и од оние кои не јадат воопшто или консумираат премногу ретко.rnrnЛук – Не откажувајте се од лукот, има многу здравствени придобивки.rnrnГо намалува крвниот притисок, ја подобрува циркулацијата, го зајакнува имунолошкиот систем, помага да се регулира нивото на шеќер во крвта… тоа се супермоќите на лукот.rn
Важните и големи нешта во животот
rnСакајте ја вашата мајка – Оние кои се блиски со своите мајки, имаат значително помал ризик од болести.rnrn
rnrnИстражувањата покажале дека дури 91% од луѓето кои не биле блиски со своите мајки, заболеле од некоја сериозна болест во текот на средовечните години од својот живот, додека тоа се случило кај 45% од оние кои имале близок однос со својата мајка.rnrnПочнете да учите подоцна – Колку и да ви звучи неодговорно, школото може да почека. Децата кои се форсирани да започнат со формално образование на многу рана возраст имаат поголем ризик за појава на болест подоцна во животот.rnrnЗапочнувањето со формално образование пред шестата година е ризичен фактор за болести.rnrnОдберете го/ја вистинскиот/ата – Многу е важно да имате некого покрај себе, но уште поважно е внимателно да ја изберете таа личност. Со сопругот/ата, ќе донесувате важни одлуки во животот и ќе бидете заедно во среќни, но и во тешки моменти. Одбирањето на вистинската личност за вас е клучно за вашата среќа и благодет во животот.rnrn
rnrnДолгиот живот е всушност наследен. Со одбирањето сопруг чии баба и дедо се сè уште живи, или живееле долго, голема е можноста и вашите деца да живеат подолго.rnrnРакувајте се цврсто – Колку цврсто можете да стегнете тупаница? Луѓето со поголеми физички способности живеат подолго.rnrnВо една група каде се спровело истражувањето, оние кои се ракувале со помала јачина имале поголем ризик од смртност.rnrnЖивејте во село или во помало населено место – напуштете ја градската џунгла. Според едно истражување, луѓето кои живеат во рурални средини во просек живеат подолго отколку луѓето кои живеат во големите градови.rnrnПросечниот животен век на жителите на Манчестер е 76 години, додека на жителите на Сомерсет е 84 години.rnrnЧувајте домашно милениче – Грижата за домашното милениче го намалува чувството на осаменост и депресија. Исто така, ја поттикнува смеата и ве тера почесто да се движите. Истражувањата покажале дека имањето домашно милениче влијае многу на здравјето на срцето.rnrn
rnrnПреживувањето срцев удар е за 12% поверојатно кај луѓето кои имаат домашно милениче, отколку кај оние кои немаат.rn
Секојдневен живот
rnБидете позитивни – Луѓето кои гледаат позитивно на нештата имаат помало ниво на стрес и полесно се справуваат со предизвиците.rnrnОптимистите во просек живеат 12 години подолго отколку песимистите.rnrnСлушајте го вашиот стоматолог – Нехигиената на вашите заби е поврзана со сериозни болести кои би се појавиле подоцна во животот, вклучувајќи ги и срцевите заболувања.rnrnБактерија која живее во усната шуплина, може да предизвика отекување на артериите и води до поголем ризик од срцеви заболувања.rnrnМедитирајте – Ослободете ги вашите мисли. Медитацијата има голема исцелителна моќ и значително го намалува стресот кој е причина за многу болести.rnrn15-минутно медитирање, повеќе ги ослободува мислите отколку еден час цврсто спиење.rnrnВнесете зеленило во вашиот дом – Декорирајте го домот и канцеларијата со растенија. Освен што дава подобар изглед на просторијата, носи и здравствени придобивки.rnrn
rnrnЗагаденоста во внатрешните простории предизвикува повеќе од 1,6 милиони смртни случаи годишно.rnrnНе седете долго – Да, седењето може да ве убие. Луѓето во просек би требало да прават околу 10.000 чекори секој ден. Оние кои се движат помалку, сериозно си го нарушуваат здравјето.rnrnЛуѓето кои седат 4 часа дневно, во текот на своето слободно време, имаат за 50% поголем ризик од смрт отколку оние кои седат помалку од два часа.rnrnОпуштете се – Ослободувањето од стресот е важен чекор во живеењето долг и среќен живот. Лутината е поврзана со висок крвен притисок и може да го зголеми ризикот за одредени заболувања.rnrnОние со високо ниво на стрес имаат трипати поголем ризик да развијат срцева болест и за шест пати поголема веројатност да доживеат срцев удар до 55-та година од животот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
