Воспоставувањето квалитетни и долгорочни врски е една од најважните нешта за успех. Токму затоа и многу е важно да ве запомнат веднаш по запознавањето, но како би можеле да се истакнете од толпата и да бидете онаа личност која сите ја помнат? Експертите ги споделуваат следниве неколку паметни трикови со чија помош можете лесно да го постигнете тоа.rnrn
rn
Интересни одговори на здодевни прашања
rnНа сите оние прашања кои се поставуваат за време на работните настани, како на пример, „Како сте?“ луѓето имаат тенденција постојано да одговараат исто. Па, следен пат наместо да кажете дека сте добри, обидете се да дадете сè од себе и одговорете со позитивен, единствен и забавен одговор за тоа како сте и што моментално работите.rn
Прашувајте за љубов, не за работа
rn„Што правите?“ е добро прашање за лесен почеток на разговор кој брзо потоа ќе биде заборавен од личноста со која разговарате. Експертите препорачуваат наместо да поставувате ваков вид официјални и општо прифатени прашања, сменете ја темата и прашајте нешто малку поинакво. „Што сакаш да работиш?“ или пак, „Што уживаш да правиш?“ се само дел од прашањата кои ќе го натераат вашиот соговорник уште долго да ве помни.rn
Освежете го вашиот изглед
rnСте забележале како голем дел од славните личност се појавуваат на црвениот тепих во нешто што изгледа апсурдно? Или како многу спортисти често имаат тетоважи или необични фризури? Тие сакаат на овој начин да се истакнат и да бидат добро запомнети. Но, не грижете се, вие не мора да носите облека која „пишти“ со цел да привлечете внимание. Понекогаш доволни се само необичен пар чевли, шешир или чанта за да го постигнете посакуваниот ефект. Тајната се крие во необичните модни детали и ситници.rn
Оставете ги да посакуваат повеќе
rnПопрво ќе се сетите на онаа личност која оставила мистерија зад себе, отколку на онаа која без престан зборувала и ја раскажала целата своја приказна. Кога ќе се запознаете со нова личност, споделете ја основата на вашата животна приказна, но ништо повеќе од тоа.rn
Внимавајте на првиот впечаток
rnНекој тоа би го нарекол основна култура. Оставете добар прв впечаток, односно запомнете го името на личноста со која сте се запознале така што ќе го повторите неколку пати за да ви се вреже во вашата глава. Исто така цело време бидете насмеани, воспоставувајте контакт со очите, бидете отворени и покажете искрено интересирање за луѓето околу вас.