Првата недела од ноември се смета за многу важна во однос на планетите и соѕвездијата. Згора на тоа, транзитот на планетите ќе влијае врз сите 12 хороскопски знаци. За некои луѓе, месец ноември ќе им биде период исполнет со среќа и ќе имаат можност за унапредување на работното место како и зголемување на приходите. Откријте што предвидуваат астролозите за секој знак во периодот од 1 до 7 ноември, 2021 година.rnrn
rn
Овен
rnОваа недела вашата креативност ќе биде на највисоко ниво. Без да губите ниту минута, ги разработувате идеите за вашите идни проекти и тоа ве прави оптимистични. Имате неочекувани средби при што ги користите сите можности, а за тоа сведочи вашата силна волја за успех. Романтичната врска против која толку тврдоглаво се бунтувате, ќе го види светлото на денот и не е тешко да се погоди – ќе ви го компликува животот.rn
Бик
rnНа почетокот на месецот нема да бидете многу мотивирани и ќе дозволите мрзеливоста да ве надвладее. Од друга страна, ќе почувствувате силно, неодоливо искушение да ги завршите сите претходни активности и да се повлечете подалеку од вревата и метежот. Затоа, ако ви се укаже можност да отидете некаде на одмор, искористете ја, бидејќи ќе ви донесе нови, возбудливи искуства што ќе ви го променат животот и начинот на кој гледате на светот околу вас.rn
Близнаци
rnОвој месец ќе ви биде полн со обврски (семејни, професионални…) и доколку ви недостига волја да ги извршувате секојдневните обврски, опкружете се со луѓе што шират позитивна енергија и немојте да се повлекувате во својот внатрешен свет. 6-ти ноември ќе биде значаен ден за вас бидејќи на овој ден има големи можности да се стекнете со нов извор на приход. Покрај тоа, ќе најдете нова животна цел кон која ќе се стремите и која ќе ве поттикне да дејствувате.rn
Рак
rnНа почетокот на месецот ќе се соочите со конфликти. Важно е да останете смирени затоа што сè ќе биде во ред. Доколку на почетокот ситуацијата не премине во ваша корист, доволно е да повлечете од секојдневната рутина макар и на неколку часа и во мир да ги анализирате можните решенија. Најверојатно ќе запознаете личност која ќе ве заинтригира доволно за да почнете да сметате на нешто повеќе. Што и да одлучите да правите, сето тоа ќе биде проследено со успех.rn
Лав
rnОвој месец вие сте еден од најсреќните знаци на зодијакот. Ќе се истакнувате на професионален план, па така контактите и можностите за соработка ќе растат. Внимавајте да не го занемарите вашиот приватен живот со тоа што премногу ќе им се посветите на работните обврски.rn
Девица
rnПрвата недела од месецот посветете ја на справување со проблеми од секојдневниот живот. За среќа, околу вас има луѓе со добра намера кои ќе ви помогнат во тоа. Но, и подгответе се доколку е потребно, да го сведете социјалниот живот на минимум. Некаде кон средината на месецот ќе треба да му обратите повеќе внимание на вашиот партнер. Овој период ќе си поставите и многу цели, но не заборавајте дека не можете да се посветите на повеќе работи во исто време, затоа фокусирајте се на една цел.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn