Овој месец 4 планети се во ретроградна положба: Како ќе влијае тоа на вашиот хороскопски знак?

Сподели

Овој месец имаме 4 планети во ретроградна положба – Венера, Сатурн, Меркур и Плутон. Иако звучи како многу, сепак е возможно да се анализираат. Во продолжение прочитајте кој знак на која ретроградна положба треба да обрне внимание, но сепак имајте на ум дека иако влијанието на едната планета ќе биде најголемо, тоа не значи дека нема да ги почувствувате останатите 3.

Реклама

rn

Овен: Внимавајте на Венера

rnВенера беше во вашиот знак во текот на целиот март и го напушти претходната сабота. Сигурно сте го почувствувале ефектот од нејзината положба, и иако Венера не се враќа во Овен до 28 април, сè уште треба да внимавате на влијанието на планетата на љубовта. Не сакате да мислите дека нешто е недостижно за вас, но размислете убаво за флертот на работното место, или за поранешниот партнер пред да направите нешто за што подоцна ќе зажалите.rn

Реклама

Бик: Внимавајте на Сатурн

rnКога на 19 април ќе почне сезоната на Бикот, вие ќе бидете исполнети со амбиција. Нови проекти, врски и хобија ќе се појавуваат во овој период. Не ја предизвикувајте таа енергија, но проверувајте по два пати пред да се посветите на нешто.rn

Близнаци: Внимавајте на Меркур

rnКога Меркур, планетата на комуникацијата, е во ретроградна положба, можеби ќе почувствувате дека вашата дарба за зборување е намалена. Хемијата што ја чувствувате кога сте со непознати луѓе може да изгледа послаба, но има начин да ја заобиколите оваа ретроградна позиција. Наместо да се потпирате на разговор и инстинкт, преточете ги вашите мисли преку пишување.rn

Рак: Внимавајте на Меркур

rnЗа Раковите ќе биде добро да запомнат дека оваа положба на Меркур знае да ги измеша пораките со добра намера. Не реагирајте бурно на нешта кои ќе ги слушнете индиректно и бидете искрени за вашите чувства. Мислењата многу лесно можат да се сфатат како почеток на расправија кога Меркур е во оваа положба.rn

Реклама

Лав: Внимавајте на Венера

rnЛавови, запомнете, последната делница на Венера во оваа положба ќе биде предизвикувачка за вас. Без разлика дали се согласувате, вашиот знак знае да биде љубоморен. Како што Венера ќе се обидува да ви врати стари љубовници, така и вашата посесивна страна може да се појави. Спротивставете се на нагонот да се јавите на бивш партнер.rn

Девица: Внимавајте на Плутон

rnОва е вашата можност да преземете контрола над вашиот живот. Дали сте премногу строги со некого? Дали одложувањето на вашите обврски може да би помогне да постигнете повеќе?rn

Вага: Внимавајте на Венера

rnМожно е да забележите дека вниманието ви „бега“, или пак дека го споредувате сегашниот партнер со некој поранешен. Преиспитајте се пред да барате нешто од некого што досега и не ви беше потребно.rn

Скорпија: Внимавајте на Плутон

rnОвој месец положбата на Плутон може да ви донесе ново партнерство, доколку не го испуштите. Не ви пречи да ја делите моќта, сè додека е со некој што добро го познавате. Ова може да ве направи малку пребирливи при одбирањето партнер за работа. Но, ова размислува може и да ве одведе до некој неочекуван што ја заслужува вашата доверба.rn

Стрелец: Внимавајте на Сатурн

rnСтрелците завршуваат тригодишен циклус со Сатурн. Овогодишната ретроградна позиција ќе дисциплинира многу Стрелци, дури и оние најимпулсивните. Вежбајте, внимавајте и внимателно носете одлуки, колку и да звучи мачно. Ќе се исплати!rn

Јарец: Внимавајте на Сатурн

rnВие ќе ја почувствувате ретроградната положба на Сатурн најмногу од сите. Воздржете се за некои работи, не е срамно ако понекогаш едноставно се повлечете за да ја видите поголемата слика. И највредниот Јарец има потреба од одмор, а ова е приликата за тоа.rn

Водолија: Внимавајте на Меркур

rnМеркур има нешто да ви каже во врска со одморот што го планирате. Не дозволувајте оваа положба да ја уништи вашата желба за патување. Проверете си го авионскиот лет и хотелот два пати.rn

Риби: Внимавајте на Венера

rnКолку и да сакате да се грижите за другите, избегнувајте го ова додека Венера не ја смени положбата. Вашата беспрекорна интуиција ќе биде заслепена овој период, па искористете го тоа да си посветите малку време на себе. Проширете ги вашите хоризонти и дозволете ѝ на вашата креативна страна да излезе на виделина.

Најново

Може ќе ве интересира