КАФЕ ПАУЗА

Надреални светови создадени со помош на ајфон

Артистот Чарли Даволи вели дека парадоксите и мешањето на вистинските околини со надреалните е најзабавниот дел од неговиот обичен и секојдневен живот. Кога тој чекори по улица, фотографира сѐ што ќе му падне во очи, создавајќи огромна архива од фотографии.rnrn

Читање бајки со неговата внука, Делиа
rnrnСоздавањето пејзажи кои имаат луцидни, мистериозни и чудни елементи од соништата се случува во подоцнежните фази. Благодарејќи на многуте фотографии, процесот на уредување е моментален со помош на апликации за ајфон како што се PsTouch, iDesign, Superimpose, MatterApp и Mextures.rnrn
Мостот се прилагодува кон водата, нивото внатре ќе се издигне, а таму паднат споменик лежи
rnrnДаволи црпи инспирација од хемиската мешавина која го следи метафизичкото сликарство на Де Чирико, со љубов кон геометријата Баухаус како и поп културата на Енди Ворхол и Лихтенштајн. Сето тоа комбинирано со малку ретро научна фантастика ни овозможува неверојатни пејзажи. Погледнете дел од неговата работа и подгответе се да бидете воодушевени.rnrn