Имате соседи кои постојано ви ѕиркаат во куќата и ви прават проблеми? Не сте единствени. Соседите-шпиони се, за жал, честа појава, но и со нив може да се излезе на крај.rnrn
rnrnСите би требало да имаме мир во својот дом. Тоа е нашето место за релаксација и сè што сакаме, по работните обврски, е мирно да уживаме во домот или во дворот. Но, понекогаш нашиот мир го нарушува непримерното однесување на некои наши соседи. Со овие неколку совети ќе може да ги „превоспитате“ соседите, а постои лек дури и за „тврдите ореви“.rn
„Тивка“ борба
rnАко соседите имаат навика често да ѕиркаат во вашиот двор, па и во домот, размислете за „жива“ ограда. Засадете високи брзорастечки џбунови или зелена ограда (постојат дури и убави вештачки украсни огради). Кога ќе им го блокирате погледот можеби ќе се откажат од таквото однесување.rnrnИ следниот пат кога ќе ги фатите како ѕиркаат во вашиот двор, спуштете ги ролетните, ставете завеси, заштитете се од несаканите подѕирнувања во вашата приватност. На некои од нив им е само досадно, а вие изгледа сте им навистина забавни, како во серија. Мора да им дадете на знаење дека вие нема да бидете само уште една епизода од серијата што тие сакаат да ја гледаат.rnrnИгнорирањето исто така може да биде ефикасно, ако издржите. Можеби влегуваат непоканети во дворот или куќата? Најдете банални изговори или едноставно замолете ги да дојдат подоцна и затворете ја вратата. Ако премногу „душкаат“ или се распрашуваат игнорирајте ги и завртете ја приказната на „другата воденица“ или пак, само свртете се и продолжете си со работата во градината.rnrn
rn
Запознавање и смешкање
rnАко забележите дека некој директно гледа во вашиот двор, без и малку обѕир, мавнете му со раката и испратете му поздрав полн со насмевки. На некои што сакаат само „тивка“ шпионажа тоа може да им стане многу незгодно.rnrnИсто така, кај овој вид соседи постои и друга страна на приказната. Постои можност и да грешите. Можеби станува збор за осамени луѓе, желни за внимание и дружење или тие едноставно сакаат да ви помогнат. Затоа прво запознајте ги, па потоа судете ги.rnrn
rn
Последни мерки
rnСо соседите не треба директно да се судирате и да се карате, ама кога следниот пат ќе видите како ви ѕиркаат во дворот, слободно прашајте ги дали има некој проблем или им треба нешто. Гледајте ги директно во очите, заземете став и дајте им до знаење дека вам ви е многу важна вашата приватност.rnrnПоследната мерка која можете да ја преземете е да повикате полиција и тоа кога ќе забележите дека ви шетаат низ дворот во текот на ноќта, или чепкаат по вашите работи.rnrnНо, секако, секогаш прво пробајте некоја од гореспоменатите тактики.rnrnАко сакате да видите и како изгледаат љубопитните соседи од страна, ова куче ќе ви покаже.