Да се заљубите во некоја личност може да ви се случи каде и да сте, па дури и на работното место. Ваквата ситуација може да биде сплеткана, особено бидејќи многу фирми не поддржуваат љубовни врски помеѓу вработени. Појавата на чувства за ваш колега, има потенцијал да постане многу непријатна ситуација, поради многу причини. Постојат многу нешта кои треба да ги земете предвид пред да се решите да „бркнете“ некој ваш колега/колешка:
rn
1. Останете професионални
rnБез разлика како се чувствувате, „дружба си е дружба, служба си е служба“, и вие морате да останете професионални на вашето работно место. Ако почнете да го губите времето занимавајќи се со вашата симпатија, наместо да ги сработите вашите работни задачи, нештата може да станат многу грди, за многу кратко време. Доколку пак останете професионални, ќе си ја задржите вашата работа и работејќи ќе можете одвреме-навреме да го извадите вашиот колега од мислите. Ова е особено важно, доколку не сакате симпатијата да знае за вашите чувства.rn
2. Немојте да дозволите да ве искористува
rnПостојат типови луѓе, кои кога ќе забележат дека имате чувства за нив, почнуваат да ги злоупотребуваат и да манипулираат со вас. Во човековата природа е кога ви се допаѓа некој премногу, да посакате да му/ѝ однесете ручек или кафе или да направите некој друг симпатичен гест. Но, додека вие сте заслепени и заљубени до уши, вашиот колега може да си извлече корист од таквата ситуација, дури и доколку не се чувствува исто како вас. Додека вие мислите дека сте го освоиле неговото/нејзиното срце, тој/таа секојдневно ќе ужива во бесплатното кафенце, ручек и внимание од вас. Е таквиот расплет на ситуацијата, на никој не би му се допаднал, па ни вам.
rn
3. Гледајте на вистинската страна
rnОва значи дека треба да избегувате занесно да зјапате во вашата симпатија додека сте на работното место. Расеаноста и заљубеното зјапање во него/неа, може да ги открие вашите емоции побрзо отколку што очекувате. Покрај тоа, многу е непрофесионално да зјапате така и тоа може да ви донесе некаква неволја.rn
4. Фантазии Vs. професионализам
rnКоја некој многу ви се допаѓа, не е воопшто чудно да почнете да фантазирате за таа личност, сонувајќи дека еден ден ќе бидете среќни и заљубени. Исто така, не е чудно ако фантазиите ви го поматат чувството за реалност, особено кога работите во иста фирма со личноста по која „лудувате“, бидејќи секојдневно поминувате многу време заедно. Многу е важно да не одите на „седмо небо“ додека сте на работа. Стојте цврсто на нозе, останете реални и однесувајте се како вистински професионалец, кој умее да ја одвои работата од „валканите мисли“ за колегата/колешката.
rn
5. Соочете се со реалноста
rnОбидете се да размислувате трезвено за оние работи кои ви се најважни. Прво, каква е политиката на компанијата во која работите во врска со „канцелариските романтики“ и како би реагирал шефот кога би дознал за вашата врска? Второ, дали личноста која ви се допаѓа ги има истите чувства за вас? Трето, дали навистина верувате дека вие двајца би можеле да бидете во љубовна врска? Чувствата не се нешто што може да се контролира, но не дозволувајте тие да ви го поматат здравиот разум.rn
6. Однесувајте се кул
rnПред вашата симпатија однесувајте се кул, смирено и прибрано. Немојте да бидете сентиментални, вештачки или премногу да се кикотите за нешто што тој/таа го кажал/а, а не е толку смешно. Едноставно не дозволувајте чувствата да ви влијаат да се однесувате на таков начин. Ако не можете да го спречите будалестото однесување, тогаш секогаш кога ќе забележите дека чудно се однесувате, правете се како ништо да не се случува со вас, особено ако морате да работите тимска работа.
rn
7. Можете ли да ги сносите последиците?
rnДоколку навистина сакате да започнете сериозна врска со личност која работи со вас, пред да го направите тој чекор мора да почнете да размислувате на последиците. Дали врската може да ја загрози вашата работа? Што ќе се случи доколку раскинете? Какви ќе бидат условите за работа во текот на вашата врска и какви би биле доколку раскинете? Ако желбата да бидете со таа личност „тежи“ повеќе од евентуалните последици, сепак, обидувајте се најмногу што е можно да го одвојувате професионалниот од љубовниот живот.rn
Се случува „канцелариските врски“ да функционираат одлично и да не наштетат на работата на ниеден од партнерите. Но, доколку се случи „пеперутките во стомакот да умрат“ после некое време, целата ситуација може да стане многу непријатна и чудна, дури и ако не сте планирале така да биде. Вакви работи се случуваат и ретки се случаите кога приказната завршува како во филмовите.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
