КАФЕ ПАУЗА

Филм: Зоотропола (Zootopia)

Written by

in

,
Зајче полицаец ќе мора да работи со лисица измамник со цел да откријат голем заговор

rn(1) Филм: Зоотропола (Zootopia)Режија: Бајрон Хауард, Ричард МурrnrnУлоги: Џенифер Гудвин, Џејсон Бејтмен, Идрис ЕлбаrnrnВреметраење: 108 минутиrnrnПремиера: 3 март 2016rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: анимација, акција, авантураrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната за најновиот филм од Дизни не е нешто што досега не сме го виделе. На кратко, станува збор за зајче од село кое се преселува во голем град населен од животни од џунглата, со цел да успее во својата кариера. Но, тоа не значи дека е анимиран филм кој не е вреден за вашето време. Откако ќе почнете да го гледате, ќе сфатите дека Зоотропола е колоритен, креативен и шармантен филм кој изобилува со мудрост и интересни настани.rnrn(2) Филм: Зоотропола (Zootopia) (3) Филм: Зоотропола (Zootopia)rnrnСо оглед на тоа што во последно време постои тренд во Холивуд да се става акцентот на женските главни улоги, хероината во овој филм е амбициозната Џуди Хопс (Џенифер Гудвин) која е првиот зајак кој станал дел од полицијата во Зоотропола. Оваа работа била нејзин сон уште откако знае за себе, па токму затоа и прави сè што е во нејзина моќ за да ги покаже своите квалитети. Дури и покрај тоа што другите животни во полициска униформа се противат на нејзиното присуство.rnrn(4) Филм: Зоотропола (Zootopia) (5) Филм: Зоотропола (Zootopia)rnrnКога 14 цицачи ширум градот ќе исчезнат, Џуди наместо да работи на овој голем случај, таа ќе биде испратена на сообраќајна должност. Но, благодарение на тоа ќе се запознае со една лисица криминалец, наречена Ник (Џејсон Бејтмен), која правела измами за пари долго време. Токму во Ник, Џуди ќе најде партнер кој несвесно ќе ѝ помогне да ги разбере законите во џунглата од цемент и заедно ќе разоткријат голем заговор кој изгледа како постојано да бега од очите на полицијата.